Маратонската патека на Летните олимписки игри во Лондон, претставува маршута на која ќе се нтпреваруваат маратонците во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2012. Должината на маршутата изнесува 42,195 км, и е составена од еден мал круг од 3,571 км и три големи круга со должина од 12,875 км во согласност со Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.
Сегашниот изглед на маршутата бил потврден во октомври 2010 година. Стартот на маратонската патека е на улицата Мол. Патеката поминува покрај некои од најголемите знаменитости на Лондон како: Плоштадот Трафалгар, Обелискот на Клеопатра, Катедралата Свети Павле, Лондонската Кула, Биг Бен, Викториниот споменик пред Бакингемската палата и други.
Официјалното мерење на патеката било извршено на 13 јуни 2012 година од страна на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.Robinson, Joshua (20 јуни 2012). "A Marathon of Measurements". The Wall Street Journal.
Наводи
Надворешни врски "London Olympic Games 2012 Marathon Route" - од официјалното мрежно место на ЛОИ 2012.
Знаменитости покрај патеката
Категорија:Спортски зданија на Летните олимписки игри 2012