Затворена самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за предната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и високи самогласки бидејќи јазикот се подига високо при нивната творба.

Во македонскиот јазик, затворени самогласки се и и у. Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве затворени самогласки:

затворена предна незаоблена самогласка (мак. и) затворена предна заоблена самогласка затворена средна незаоблена самогласка затворена средна заоблена самогласка затворена задна незаоблена самогласка затворена задна заоблена самогласка (мак. у)

Во контекст на фонологијата на даден јазик, „висока самогласка“ може да биде секоја согласка што е позатворена од средна. За високи може да се сметаат полузатворените, речиси затворените и затворените самогласки.

Наводи