Радово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Железник, на падините на планината Лубен. Оддалечено е 13 километри северно од Демир Хисар. Околни села се: Брезово и Кочиште од северозапад и север, Растојца и Ракитница од исток, и Суво грло и Сопотница од југ.

Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радово живееле 250 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Радово имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радово се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 51 куќа.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Радово живеат 13 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови

Радово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Велевци (4 к.), Петревци (2 к.), Цветановци (4 к.), Митановци (5 к.), Дупчевци (3 к.) од овој род потекнува Алексо Стефанов, и Анѓелевци (6 к.). Доселеници: Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село во мијачкиот крај, го знаат следното родословие: Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка картаг на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Грамаѓе — населба, некропола и рудник од римско време; Клаинец — некропола од средниот век; Краста — некропола од средниот век; Манастириште — црква од средниот век;

Редовни настани

Личности Алексо Стефанов - Војвода Наумче Стојков Велевски — македонски револуционер од ВМОРО. Алексо Настов Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО. Ристе Неделков Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО. Ѓурѓа Трајан Илковска — учесник во НОВ на Македонија

Култура и спорт

Иселеништво Постари иселеници до 1951 година има во Србија (4 семејства, Крагуевац, Јабука, Парачин, Качарево), Бугарија (2 семејства), Романија (1 семејство), САД (2 семејства), Битола (7 семејства).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар