Церово — село во Општина Демир Хисар.

Географија и местоположба Околни села се Вирово, Лесково и Боиште.

Историја

Стопанство Населбата се наоѓа на јужниот дел на општина Демир Хисар, на границата со општина Ресен, издигнувајќи се на срт на Плакенска Планина. Се работи за планинско село, чиј атар зафаќа 7,7 км2, од кои шумите зафаќаат 364 хектари, пасиштата 213 хектари, а обработливото земјиште 175 хектари. Селото е планинско, изградено на 970 метри надморска височина.

Население Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 195 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Церово се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 22 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Церово имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Во 2002 година во селото имало 2 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови Церово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Староседелци: Дуковци (6 к.); Шалевци и Илиовци (2 к.); Белевци (10 к.); Трајковци со Крстевци, Стојковци, Здравевци и Јосифовци (10 к.) Доселеници: Гроздевци (13 к.) и Србиновци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 657 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект куќа на владо митревски.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Петка“ — црквичка на 500 м западно од селото Црква „Св. Илија“ (селска) — црква во самото селото Црква „Св. Илија“ (манастирска) — црква на Церовскиот манастир, на 1,5 км северозападно од селото

Манастири Церовски манастир на 1,5 км северозападно од селото

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Врагутница — црква од средниот век Крушје — црква и некропола од средниот век Св. Петка — црква од средниот век Црквиште — црква од средниот век Церово;

Редовни настани

Личности

Илија Наумов Лазевски — македонски револуционер од ВМОРО. Спиро Наумчев Лозановски — македонски револуционер од ВМОРО. Танаско Стефанов Марковски — македонски револуционер од ВМОРО.

Култура и спорт

Иселеништво До 1952 година од селото имало иселеници во Романија (3 семејства) и во Русија (1 семејство).

Иселеништвото било посилно после 1960 година, денес селото е целосно иселено.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар

Категорија:Раселени села во Македонија