Птици () — двоножни топлокрвни тероподни диносауруси, чија главна карактериситка се пердуви на телото, предни екстремитети изменети во крила и шупливи коски. Тие претставуваат пердувести тероподни диносауруси и денес ги сочинуваат единствените живи диносауруси.
Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8.800 до 10.200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.
Птиците се хранат со нектар, растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птици се селат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои пак, го поминуваат скоро целиот свој живот до морето.
Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце-клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цврст скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат и пингвините, ноевите, кивите и исчезнатите додоа. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓето или некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.
Птиците се меѓу најпроучуваните животински групи. Стотици академски списанија и илјадници научници се посветени на истражувањето на птиците, додека бројката на аматерските ентузијасти (птичари) се искачува и до милиони.
Морфологија и анатомија мини|270п|десно|Морфологија на малабарската калуѓерка (Vanellus malabaricus): 1 клун, 2 теме, 3 очен прстен, 4 око, 5 плашт, 6-11 пера на крилата, 12 долни скриени пера, 13 бедро, 14 писконожен зглоб, 15 ножје (tarsus), 16 прсти, 17 писка (tibia), 18 стомак, 19 бокови, 20 гради, 21 образ, 22 подбрадок, 23 очна лента.
Скелетно-мускулен систем
Предниот пар на екстремитети (крила) е наменет за летање; задниот е изменет на различни начини во зависност од птицата. Некои се приспособени за пливање, некои за трчање, а некои за активно движење по копното. Градната коска е огромна и поседува гребен за кој се прикачени мускулите за летање.
Дигестивен систем
Системот за варење кај птиците започнува со клун (уста без заби) и затоа ја голтаат храната, која потоа оди во грлото. Од грлото храната продолжува во хранопроводот, кој во средината има едно проширување наречено бапка, каде храната се собира и омекнува. Потоа храната се спушта во жлездестиот желудник, при што се натопува со сокови богати со ензими (ферменти). Вака натопената и омекната храна оди во мускулестиот желудник, каде се ситни со помош на неговите јаки мускули и каменчињата што птиците ги голтаат заедно со зрнестата храна. Желудникот однатре е обложен со рожна лушпа, која го заштитува од механички повреди при мелењето на храната. Вака омекнатата и иситнета храна преминува во цревото каде се доварува потпомогната од цревните сокови, соковите од панкреасот и жолчниот сок од црниот дроб. Сварените органски материи се впиваат низ цревниот ѕид, а несварените се исфрлаат преку аналниот отвор. Задниот дел на цревото е проширен и е наречен клоака.
Циркулаторен систем
Птиците имаат четирикоморно срце кое целосно ја одделува оксидираната од редуцираната крв. Птиците се топлокрвни; како и цицачите, тие се способни да одржуваат постојана внатрешна температура од 40°С. Плаценталните цицачи одржуваат температура од 37°С, додека кај повеќето торбари таа изнесува 35°С.
Респираторен систем
Респирацијата е ефикасна бидејќи лобуларните бели дробови се поврзани со воздушни торби. Тие се полнат со воздух за време на вдишувањето. Потоа воздухот се ослободува од воздушните торби кога птицата издишува - ова значи дека птицата добива кислород за време на вдишувањето и издишувањето. Друга придобивка од воздушните торби е дека шупливите коски полни со воздух го олеснуваат телото и го потпомагаат летањето.
Екскреторен систем
Птиците, како и некои други животни, екскретираат мочна киселина. Влекачите и птиците ја елиминираат мочната киселина со нивниот фецес. Белиот материјал кој се гледа во птичјите екскременти е мочната киселина. Таа не е многу токсична и не е многу растворлива во вода. Затоа, екскрецијата на метаболити во форма на мочна киселина заштедува вода, бидејќи може да се произведе во концентрирана форма поради својата мала токсичност. Како резултат на тоа што мочната киселина е релативно нерастворлива и нетоксична, таа може да се акумулира во јајцата без притоа да ги оштети ембрионите. За синтезата на мочната киселина е потребно повеќе енергија отколку за синтеза на уреа. Не постои мочен меур кај птиците.
Имунолошки систем
Овој систем кај птиците најчесто се состои од лимфни садови и лимфоидно ткиво. Првични имунолошки ткива се тимусот сместен во вратниот регион долж југуларната вена, како и Фабрициусната торба сместена до клоаката. Вторични лимфатични органи и ткива се слезената, коскената срцевина, муралните лимфни јазолчиња и јазли. Постои и лимфен систем од садови и капилари кои ја пренесуваат лимфата низ телото на птицата и се поврзани со крвоносниот систем. Постојат три главни типови на имун одговор кај птиците; специфичен, кој се состои од хуморални и клеточно-посредувани одговори и неспецифичен. За хуморалните и клеточно-посредувани одговори потребен е процесуиран антиген за да се стимулира одговорот, кој се состои од создавање на специфично антитело за секој одделен антиген. Неспецифичниот имунитет одговара на сите антигени. В лимфоцитите (кои се произведуваат во Фабрициусната торба) се поврзани со хуморалниот одговор, додека Т лимфоцитите (кои се создаваат во тимусот) се поврзани со клеточно-посредуваниот одговор. Макрофагите, хетерофилите и тромбоцитите се основните клетки кои се вклучени во неспецифичниот имун одговор.
Нервен систем и сетила
Птиците поседуваат добро развиен черепен мозок, но неговиот зголемен дел изгледа дека е областа одговорна за инстинктивното поведение. Според ова, птиците имаат точно одредени начини на преселба и гнездење.
Кожа Кожата на птиците е тенка, нежна и сува. Од кожните жлезди се развиле само лојните жлезди познати како тртна жлезда, која се наоѓа во основата на опашката.Таа лачи масни материи за подмачкување на перјето. Кожата на птиците е покриена со перја - рожни творби кои се различнипо боја, форма и големина. Нивната улога е заштитна, ја одржуваат постојаната топлина на телото. Нозете на птиците се покриени со рожни лушпи. Прстите завршуваат со нокти или канџи. Устата им е преобразена во клун исто така од рожна материја.
Систематика
Птиците образуваат класа чиешто научно име е Aves. Првичните видови на класата Aves веројатно живееле во периодот Јура.
Според најновиот консензус, класата птици и нејзината сестринска група, редот Кокодили (Crocodilia), заедно формираат група со неименувано и сѐ уште непознато ниво - архосаури (Archosauria).
Сите денешни постоечки птици се дел од поткласата Neornithes. Една од можните систематизации на класата Aves е онаа на Џејмс Клементс која е ревидирана од страна на Сибли-Монро. Во списокот на птици е дадена поподробна обработка на редовите на птици, вклучувајќи ги и фамилиите.
Поткласа Neornithes Оваа поткласа се состои од два надреда -
Надред старовилични (Paleognathae):
Името на овој надред е изведено од paleognath, старогрчки збор за "стари вилици", што се однесува на палатната коска за која се смета дека е попримитивна и блиска до онаа на влекачите. Тука припаѓаат главно нелетачки птици. Paleognathae се состои од два реда кои се состојат од 49 постоечки видови.
Struthioniformes—ноеви, емуа, киви и сродниците Tinamiformes—тинамуа
Надред нововилични (Neognathae):
Надредот Neognathae (нововилични) се состои од 27 реда кои имаат близу десет илјади видови. Тие се нашироко распространети. Неогнатите подлегле на адаптивно распространување со што дале извонредна разновидност од облици, функции и поведение кое го гледаме и денес.
Редовите кои го градат Neognathae се: right|200px Anseriformes Galliformes Charadriiformes Gaviiformes Podicipediformes Procellariiformes Sphenisciformes Pelecaniformes Phaethontiformes Ciconiiformes Cathartiformes Phoenicopteriformes Falconiformes Gruiformes Pteroclidiformes Columbiformes Psittaciformes Cuculiformes Opisthocomiformes Strigiformes Caprimulgiformes Apodiformes Coraciiformes (модроврани) Piciformes Trogoniformes Coliiformes Passeriformes
Птиците како тема во уметнота и популарната култура Птиците се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Птиците како тема во книжевноста Птиците како тема во поезијата „Црно пиле црно просо зобно“ — македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 81. „Птицо на смртта“ — песна на арапскиот поет Антара.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 14. „Децата и птиците“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 8. „Ги чекам птиците“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 154-155. „Песната на чучулигата“ — поетска збирка на Григор Витез.„Хронологија“ во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160. „Името на царевата птица“ — песна за деца на Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 50-53. „Кај што има сила — правдина нема“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 13-15. „Птица“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 58. „Не им верувам на птиците...“ — краток расказ (без наслов) на македонскиот писател Благоја Иванов.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 42. „Сината птица“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 43-44. „Бели птици“ (англиски: The White Birds) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 62. „Галеб“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 19.</ref> „Клукајдрвец“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 37. „Сокол“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 38. „Ластовици“ — песна на Блаже Конески.<ref>Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 40. „Ластовици“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 50. „Птици над рудини“ — поетска збирка на македонскиот писател Васил Куноски од 1984 година. „Чук-чук“ — песна на Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 83. „Ластовиче долета“ — песна на Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84. „Дроздови“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 239-240. „Кос“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 51.