Раул Хосе Триндаде Меирелеш (роден 17 март 1983 г.) — португалски фудбалер кој моментално игра за Фенербахче како средиштен играч во Супер лигата.

Раул Меирелеш својата кариера ја започнал во Боависта, но бил позајмен на Депортиво Авес во втората португалска лига, каде што го направил своето професионално деби. По две години поминати на позајмица, Меирелеш се вратил во Боависта каде што го направил своето деби во Португалската Примеира.

Поради добрите игри во дресот на Боависта, тој потпишал договор со португалскиот гигант Порто со кој ја освоил Португалската Примеира трипати по ред, а на тоа додал и два Португалски Купа, и три Португалски Суперкупови.

Во 2010 тој се преселил во Ливерпул каде бил избран од навивачите за играч на годината. Во август 2011, Меирелеш потпишал за Челзи. Од кога потпишал со Челзи, тој славел по повод освојувањето на Лигата на Шампионите и ФА Купот. После освојувањето на Лигата на Шампионите со Челзи тој се пресли во турскиот Фенербахче, каде што остана до 2016 година.

На меѓународно ниво, Меирелеш за првпат бил повикан за репрезентацијата на Португалија во 2006 година. Потоа со репрезентацијата тој играл на Европското првенство 2008, Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2012.

Надворешни врски

ПортуГоал профил ФудбалЗЗ Профил

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Боавишта Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче