Бомбашкиот напад на аеродромот Бургас се случил на 18 јули 2012 година.
Според првичните информации, најмалку седум лица загинале и дваесетина биле повредени во терористичкиот напад што се случил околу 17.23 часот на паркинг пред аеродромот во бугарскиот град Бургас. Според извештаите од бугарските медиуми, целта на нападот биле 150 израелски туристи, кои на половина час пред експлозијата долетале од Тел Авив и влегле во три автобуса со кои требало да заминат на црноморското крајбрежје. Меѓу загинатите има Израелци, но и бугарски државјанин.
Според првичните сознанија од очевидци во еден од автобусите влегол бомбаш кој активирал експлозив. Повредените лица веднаш по екплозијата биле пренесени во болницата во Бургас. Четворица од ранетите се во критична состојба. Меѓу повредените има и две бремени жени.
По експлозијата аеродромот во Бургас е затворен за сообраќај, а сите летови се пренасочени кон Варна.
Одговорност
Медиумите во Бугарија по настанот потстиле дека на 5 јануари се појавиле информации дека израелските власти стравуваат од терористички напади врз Израелци во Бугарија, во организација на либанската шиитска организација Хезболах, поддржана од Иран, за одмазда за убиството на нејзиниот функционер Имад Мугне.
Одговорноста за нападот сè уште никој не ја презел. Сепак, изралески медиуми посочиле прст кон Иран. Неодамна изралеските власти ја предупредиле Бугарија да ги подигне мерките на готовност, поради можност за терористички напади врз туристи од Израел.
Реакции
— Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов го опишал атентатот како „ужасен инцидент“ и изјавил дека целиот соств на владата го осудува тероризмот и агресијата. — Министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг го осудил нападот врз израелските туристи. 25px ЕУ — Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија — Портпаролот на израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху за медиумите потврдил дека станува збор за терористички напад. По ова изјава дал и самиот премиер кој исто така ги обвинил Иран за нападот и изјавил дека овој напад се случил по точно 18 години по експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина. На 18 јули 1994 година Хезболах подметна експлозија во Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица. — Портпаролот на Белата куќа изјавил дека САД осудуваат секакви напади врз невини жртви, како што се децата“. — Вицепремиерот Ивица Дачиќ го осудил терористичкиот напад и изјавил дека „овој чин докажал дека било потребно голема соработка во борба со меѓународниот тероризам. — Министерот за надворешни работи Лорен Фабиус изразил „солидарност кон израелските власти во борбата против омразата и тероризмот“. 25px Хезболах — како реакција на израелските власти, Хезболах изјавил дека неговата организација не војува против туристи“.
Наводи
Категорија:Терористички напади во 2012 година Категорија:Терористички напади во Бугарија Категорија:Бургас