Сарандиново — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Сарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, во средишниот дел од територијата на Општина Долнени, непсоредно до патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 4,9 км2. Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Кошино од северозапад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад. Од Прилеп е оддалечено 18 км.

Месности во селскиот атар се: Мера, Мала Рада, Дрварски Пат, Пречни Пат, Јаширица, Орлоица, Дупка и Караорман. Останатите делови од селскиот атар се: Врба, Шест Круши, Завој, Ќортаница, Црна Нива, Горни Ливади, Тумба, Смрека, Криви Слогови, Корија, Голема Нива, Трлиште, Падарчица, Гробишта, Близначиња, Болиоч, Кинатица, Само Дабче и Талеј Дабја.

Историја Остатоци од стара населба на местото на селото се среќаваат во месноста Тумба покрај патот за Браилово и во Падарчица јужно од селото. Мештаните на овие места за време на обрабоување на земјиштето најдувале камења од ѕидови и ќерамиди. Постарите жители на селото раскажувале:

„На овие места, селаните за време на орења најдувале камења од ѕидови и ѓерамиди. Во Сарандиново старите селани раскажувале: „Некогаш нашите дедовци живееле во село, кое се викало Бурилово, Кога се испустило Бурилово, дедовците дошле овде, направиле колиби и така се формирало Сарандиново. Во тоа време се бегало од болеста чума, која ги убивала и луѓето и стоката.“

Селото Бурилово во атарот на денешното село Пешталево, недалеку од Сарандиново. Раселувањето од ова село се случило на почетокот од XIX век кога во Сарандиново дошле предците на најстарите родови – Дашковци и Младеновци. Според свеочењата на мештаните, во турско време земјата била агаларска, а само Дашковци и Младеновци имале свои куќи и земја во посед. Во тој период, во селото имало три чифлизи: два прилепски и еден дебарски. Сопствениците на првите чифлизи биле Турчин по име Рушит и христијанин по име Гиго Маламан, а дебарскиот чифлиг им припаѓал на родот Ќуљафковци. Во тој период, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Сарандиново“. OldPrilep. 18 октомври 2014.

По Првата светска војна, државната власт им ја поделила чифлик-сајбиската земја на затекнатите и доселените македонски родови. Околу една четвртина од селскиот атар тогаш ја купиле селаните од Долнени.

Стопанство Во рамките на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на повешина од 468 ха, па затоа селото има полјоделска функција.

Население

Во пописните дефтери од 1467/68 година Борилово (Сарандиново) е регистрирано како ненаселена мезра, а во 1568/69 тука живееле 10 македонски христијански семејства и 7 неженети.

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарандиново било село со 22 домаќинства и 85 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарандиново имало 120 жители Македонци христијани.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Сарандиново било село со 128 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сарадиново се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 24 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Сарандиново живеат 98 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, сите Македонци.

Родови

Сарандиново е македонско село.

Родови во селото се: Дашковци и Младеновци доселени се на почетокот од XIX век од раселеното село Бурилово, во родот Дашковци се знае следното родословие: Васил (жив на 68 г. во 1950-тите) Велко-Стојан-Кочо, основачот на родот кој дошол од раселеното село Бурилово; Симоновци доселени се во 1908 година од иселеното село Големо Мраморани; Гиновци и Микајле доселени се од селото Лупште во Порече, првите во 1936 година, а вторите во 1954 година; Нешковци доселени се во 1936 година, пред тоа живееле во Бело Поле и Житоше; Стојчевци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Сушица во Порече; Настевци доселени се во 1936 година од селото Зркле во Порече; Ефремовци доселени се во 1936 година од селото Рамне во Порече; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Манастирец (Горни или Долни) Порече; Павлевци доселени се во 1936 година од селото Могилец во Порече.

Општествени установи Во селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.„Образование“. Општина Долнени.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1492 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|200п|Леталиштето Сарандиново Археолошки наоѓалишта Тумба — неопределено наоѓалиште од непознат период; Падарчица — неопределено наоѓалиште од непознат период.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — црквата е во изградба;

Леталишта Леталиште Сарандиново — леталиште за стопански цели.

Иселеништво Се знае за следните иселеници од селото Сарандиново: Јакофовци (4 к.) иселени се во селото Бело Поле. Мартиновци (2 к.) иселени се во селото Локвени. Од селскиот род Дашковци има иселеници во Прилеп (три семејства) и во Софија, Бугарија (пет семејства). Од родот Младеновци има иселеници во Прилеп (четири семејства)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени