Забно-венечна согласка (денти-алвеоларна) е согласка што се создава со рамен јазик во допир со забниот венец и горните заби, како кај и (но не и или ) во јазици како македонскиот, шпанскиот и францускиот. Ова значи дека согласката е венечна и рамнојазична.
Иако овие согласки честопати се нарекуваат само „забни“ поради видливоста на предниот допир со забите, најзначајно за творбата е најзадниот дел од јазикот, бидејќи ова го определува максималниот акустичен простор на звучност и ѝ го дава карактеристичниот звук на согласката.
Забните чкрапави согласки исто така се рамнојазични забно-венечни гласови.
Наводи
Категорија:Забни согласки Категорија:Венечни согласки