Владата на НР Македонија од декември 1946 е формирана на 31 декември 1946 година, на истиот ден кога е донесен Уставот на НР Македонија. Во оваа влада доаѓаше до чести измени и реконструкции, но таа остана на функција до јануари 1951 година, кога е избрана нова влада.
Состав на владата Владата е составена од претседател, два потпретседатели, 11 министри и претседателот на Планската комисија. Во однос на претходната влада, во оваа влада е вклучен и претседателот на Планската комисија.
Составот на владата е следниот:Службен весник на Народна Република Македонија 2/1947, 1 стр.
Претседател на владата: Лазар Колишевски прв потпретседател и претседател на Контролната комисија: Љупчо Арсов втор потпретседател: Видое Смилевски министер за внатрешни работи: Цветко Узуновски министер за финансии: Даре Џамбаз министер за индустрија и рударство: Георги Василев министер за градежништво: Тоде Ношпал министер за трговија и снабдување: Диме Бојановски министер за земјоделство и шумарство: Крсте Симовски министер за народна просвета: Никола Минчев министер за правосудство: Васил Калајџиски министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ министер за труд: Кирил Петрушев министер за социјални грижи: Неџат Аголи претседател на Планската комисија: Кирил Миљовски
Реконструкции на Владата 1947 Во јули 1947 година за нов министер за просвета е избран Киро Хаџи Василев на местото на Никола Минчев, кој е избран за министер без ресор.Службен весник на НРМ, 25/1947, 12 стр.
При реконструкцијата на Владата од 19 ноември 1947 година настанаа следните промени: За претседател на Контролната комисија на местото на Љупчо Арсов е избран Борко Темелковски За министер за градежништво на местото на Тоде Ношпал е избран Страхил Гигов За министер за просвета на местото на Киро Хаџи Василев е избран Димче Мире За министер на новоформираното министерство за локален сообраќај е избран Тоде Ношпал За министер без ресор на местото на Никола Минчев е избран Киро Хаџи Василев.Службен весник на НРМ, 33/1947, 2 стр.
1948 На 10 јануари 1948 година Љупчо Арсов поднесува оставка на функцијата потпретседател на Владата и на таа функција е назначен Никола Минчев.Службен весник на НРМ, 1/1948, 1 стр.
На 12 мај 1948 година од министерството за земјоделство и шумарство се формирани две нови министерства, едното за земјоделство, а второто за шумарство, при што за министер за земјоделство е именуван Ванчо Бурзевски, а Крсте Симовски стана министер за шумарство. Покрај тоа, за министер за социјални грижи е именуван Реис Шакири, на местото на Неџат Аголи.Службен весник на НРМ, 14/1948, 1 стр.
При реконструкцијата на Владата од 26 октомври 1948 година настанаа следните промени: За претседател на Планската комисија на местото на Киро Миљовски е назначен Страхил Гигов За министер за трговија и снабдување на местото на Аспарух Каневче е избран Киро Миљовски За министер за труд на местото на Киро Петрушев е избран Боге Кузмановски За министер за градежништво на местото на Страхил Гигов е избран Живко Брајковски За министер за шумарство на местото на Крсте Симовски е избран Стоилко Ивановски За министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија е избран Димче Зографски Киро Хаџи Василев е разрешен од функцијата министер без ресор.Службен весник на НРМ, 33/1948, 1 стр.
1949
На 12 јануари 1949 година разрешен е министерот Диме Бојановски.Службен весник на НРМ, 2/1949, 1 стр.
При реконструкцијата на Владата од 17 март 1949 година доаѓа до смена на раководните лица на три министерства и до избор на еден нов министер. За министер за трговија и снабдување на местото на Кирил Миљоски е избран Ристо Бајалски За министер за градежништво на местото на Живко Трајковски е избран Димче Беловски За министер за земјоделство на местото на Ванчо Бурзевски е избрана Вера Ацева за министер и претседател на Комитетот на Универзитетот, високите школи и научните установи е избран Крсте Црвенковски.Службен весник на НРМ, 8/1949, 1 стр.
На 16 април 1949 година е формирано ново министерство за државни набавки на Владата и за министер е именуван Перо Менков.Службен весник на НРМ, 10/1949, 1 стр.
На 13 септември 1949 година доаѓа до промена на раководните лица во две министерства. За министер за правосудство на местото на Васил Калајџиски е избран Благој Левков За министер за шумарство на местото на Стоилко Ивановски е избран Васил Ѓоргов.Службен весник на НРМ, 21/1949, 1 стр.
Следниот месец, на 19 октомври 1949 година, при новата реконструкција на владата, дојде до следните промени: Борко Темелковски од претседател на Комисијата за државна контрола на НРМ е поставен за потпретседател на Владата Вера Ацева од министер за земјоделство е поставена за претседател на Комисијата за државна контрола на НРМ Боге Кузмановски од министер за труд е поставен за министер за земјоделство Џафер Кодра е поставен за министер за труд Киро Георгиевски од министер за комунални работи е поставен за министер и претседател на комисијата за ревизија на генералните проекти при Владата на НРМ Љубо Зафиров е поставен за министер за комунални работи Крсте Црвенковски е поставен за министер за наука и култура.Службен весник на НРМ, 24/1949, 1 стр.
1950
На 8 февруари 1950 година на чело на новоформираните министерства за електростопанство и за државни земјоделски стопанства се поставени министрите Аспарух Каневче и Мито Брзилов. Покрај тоа, за претседател на Планската комисија на местото на Страхил Гигов дојде Никола Минчев.Службен весник на НРМ, 4/1950, 2 стр.
До поголема реконструкција на Владата и на министрите во нејзин состав дојде на 23 април 1950 година.Службен весник на НРМ, 11/1950, 2-3 стр. Никола Минчев од претседателот на Планската комисија е поставен за претседател на Советот за промет со стоки Наум Наумовски е поставен за министер-претседател на Советот за земјоделство и шумарство Кемал Сејфула е поставен за министер-претседател на Советот за комунални работи и локална индустрија Мито Димитриевски е поставен за министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија Љубо Зафиров наместо министер на комуналните работи е поставен за министер-претседател на Комитетот за локална индустрија и занаетчиство Димче Беловски од министер за градежништво е поставен за претседател на Планската комисија Боге Кузмановски од министер за земјоделство е поставен за министер за градежништво Мито Теменугов е поставен за министер на земјоделство Благој Попов наместо министер за индустрија и рударство е поставен за министер-претседател на Советот за преработувачки индустрија Аспарух Каневче наместо министер на електростопанство е поставен за министер-претседател на Советот за енергетика и екстрактивна индустрија Димче Зографски од министер-претседател на Комитетот за надворешна трговија е поставен за министер за шумарство на местото на Васил Ѓоргов Васил Ѓоргов од министер за шумарство е поставен за министер за државните земјоделски стопанства на местото на Мито Брзилов.
На 5 јуни 1950 година доаѓа до последната промена на оваа влада. За претседател на Планската комисија е поставен Киро Георгиевски на местото на Димче Беловски. Покрај тоа, за министер е именуван и Методија Митевски.Службен весник на НРМ, 16/1950, 9 стр.
Извори
1946