Вити Леву е најголем остров во Фиџи, остров на кој се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и дом на голем број од популацијата на Фиџи.
Географија и економија
Најголемиот остров, Вити Леву е дом на 70% на населението на Фиџи (околу 600,000) и е центар на целиот фиџиски архепелаг. Островот е долг 146 километри и широк 106 километри и зафаќа површина од 10,389 км2.UNEP Islands Directory (Англиски)
Геолозоите веруваат дека островот во минатото бил поплавуван многупати, и бил покриен со лава и други вулкански материјали. Поради земјотереси и вулканси ерупции островот е нерамен, и е поделен на две еднакви половини од север на југ.
Источната страна на островот е подложна на големи дождови, додека пак западната страна е значително посува. Па така, производството на шеќерна репка успева на западната страна, додека пак на источната страна успева млечната индустрија.
Островот е познат како дом на најголемите бубачки во светот.
Локалитети На островот Вити Леву се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и е дом на речиси три-четвртини од населението во републиката (околу 580,000). Други познати градови, сите околу крајбрежјето, се: Ба, Лаутока, Нади, Наусори, Ракираки, и Сигатока.
Познати знаменитости на островот се: плажата Натадолија и одморалиштето на тихиот океан кое е оддалечено 50 километри од градот Сува.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фиџи