Апартман е американски комедија/драма филм од 1960, продуциран и режиран од Били Вајлдер, а во главните улоги играат Џек Лемон, Ширли Меклин и Фред Мекмуреј. „Апартман“ бил следбеник на филмот „Некои го сакаат топло“ на Вајлдер и, како и неговиот претходник, станал комерцијален и критичарски хит заработувајќи 25 милиони американски долари во првата недела од прикажувањето. Филмот бил номиниран за 10 оскари и освоил пет од нив, меѓу кои и оскар за најдобар филм.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1960 година Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови