„Полноќен каубој“ — американски драма филм на режисерот Џон Шлезингер (John Schlesinger) од 1969 година. Автор на сценариото е Валдо Солт (Waldo Salt), а тоа е засновано врз истоимениот роман на Џејмс Лео Херлихи (James Lee Herlihy) од 1965 година. Главните улоги ги играат: Дастин Хофман (Dustin Hoffman), Џон Војт (Jon Voight), Бренда Вакаро (Brenda Vaccaro), Џон Мегивер (John McGiver), Рут Вајт (Ruth White), Силвија Мајлс (Sylvia Miles), Барнард Хјус (Barnard Hughes), Џенифер Солт (Jennifer Salt) и Боб Балабан (Bob Balaban). Мачен, жесток, бескомпромисен, но исклучително суптилен, филмот (кој е првото холивудско остварување на британскиот режисер) освоил три „Оскари“: Оскар за најдобар филм, Оскар за најдобар режисер и Оскар за најдобро адаптирано сценарио, а покрај тоа имал уште номинации (глумците Војт, Хофман и Мајлс, како и монтажерот Хју А. Робертсон). Филмот освоил и шест награди БАФТА, а се натпреварувал и во службената конкуренција на Филмскиот фестивал во Берлин. Денес, тој се смета за еден од најдобрите американски филмови од 1960-тите, кој сè уште делува авангардно и провокативно. Истовремено, тој е првиот и единствениот филм со назнаката „Х“ кој е награден со „Оскар“.Ponoćni kauboj, američki film (пристапено на 23.11.2023)
Синопсис Џо Бак (го игра Војт) е млад, сиромашен и амбициозен човек од мало провинциско место во Тексас, кој заминува во Њујорк со намера таму да се збогати како жиголо. Таму, тој налетува на згодната Кес (ја игра Мајлс), но не само што не заработува ништо, туку мора да ѝ позајми пари за такси. Потоа, Џо го запознава ситниот џепарош и измамник Енрико Салваторе Рицо (го игра Хофман), кој му ветува добра заработка, нудејќи му се како менаџер. Меѓутоа, надежите на Џо воопшто не се остваруваат и набргу, тој останува без пари и мора да ја напушти хотелската соба. Подоцна, Џо повторно го среќава Рицо, кој го прима во своето засолниште во една напуштена зграда. Со доаѓањето на зимата, нивниоот живот станува тежок: Рицо е тешко болен, а Џо е принуден да заработува пари на различни начини — од хомосексуални врски до дарување крв. Најпосле, нему му се насмевнува среќата кога го канат на една забава. Таму, Џо запознава една девојка со која води љубов. Тогаш, двајцата заминуваат во Флорида со надеж за посреќен живот, но патем умира Рицо.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Флорида Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Тексас Категорија:Филмови на Џон Шлезингер Категорија:Филмови со Дастин Хофман Категорија:Филмови со Џон Војт Категорија:Филмови со Бренда Вакаро Категорија:Филмови со Џон Мегивер Категорија:Филмови со Рут Вајт Категорија:Филмови со Силвија Мајлс Категорија:Филмови со Барнард Хјус Категорија:Филмови со Џенифер Солт Категорија:Филмови со Боб Балабан