Дејковец — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Торбешија, во северното подножје на планината Голешница.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 104 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дејковец живееле 185 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 257 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

Селото броело 212 жители во 1961 година, додека во 1994 година живеат само 117 жители.

Според пописот од 2002 година, селото Дејковец има 84 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите 8 лица без податоци.

Родови Дејковец е албанско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

Доселеници: Вајље (8 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Џемаил (жив на 27 год. во 1951 година) Садик-Фета-Сали-Имер, основачот на родот кој се доселил; Коваче (5 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Топол (13 к.) доселени се од Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија.  Го знаат следното родословие. Руфат (жив на 57 год. во 1951 година) Бајрам-Синан, основачот на родот кој се доселил; Теш (7 к.) доселени се од северна Албанија, го знаат следното родословие. Минир (жив на 40 год. во 1951 година) Абаз-Ариф-Бектеш, основачот на родот кој се доселил; Пел (6 к.) доселени се од Чаја во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Џавид (жив на 62 год. во 1951 година) Бајрам-Незир, кој се доселил во селото. Од старото место се иселиле тројца брака, првиот се населил во селото Дејковец, вториот во селото Добрино, а третиот не се знае каде се населил; Камероски (5 к.) доселени се од северна Албанија; Цене (1 к.) биле најмлади доселеници од селото Тисовица. Таму имале истоимени роднини, подалечно потекло од северна Албанија; Теш (4 к.) тие живееле во Долни Дејковец, Долни Дејковец било одвоено село од Дејковец. А биле доселени од самото село Дејковец, каде биле роднини со истоимениот род.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дејковец