Севернофризиски јазик — малцински јазик во Германија, со околу 10.000 говорници во областа Северна Фризија. Јазикот е дел од групата на фризиски јазици во состав на западногерманското јазично семејство.
Класификација
Најсродни на севернофризискиот се другите два фризиски јазика - затерландскиот фризиски (источнофризиски) од северозападна Долна Саксонија во Германија и западнофризискиот јазик што се говори на северот на Холандија. Заедно, овие јазици ја сочинуваат групата на фризиски јазици.
Во блиско сродство со фризиските јазици е и англискиот, и припаѓаат на пошироката група на англофризиски јазици. Оваа група пак, заедно со долногерманскиот, ја сочинува поголемата целина од северноморските германски јазици, со тоа што долногерманскиот бележи самостоен развој веќе подолго време, па затоа покажува поголеми разлики од останатите.
Дијалекти Преглед
Севернофризискиот има 10 дијалекти што се делат на две наречја: континентално и островско.; Исклучок од ова е дијалектот што се говори на островот Халиген, кој сепак припаѓа на континенталната група. Дијалектите се следниве:
Островско наречје зилтски (зелриншки) ферско-амрумски (фериншки/емраншки) хелголандски (халундски)
Континентално наречје видингхардски бекингхардски (мориншки) кархардски северногесхардски средногесхардски јужногесхардски (мртов од 1981 година) халингенски
Споредба
На табелава се прикажани сличностите и разликите помеѓу разни севернофризиски дијалекти.After Walker and Wilts, стр. 286
Дијалект татко мајка сестра брат зилтски Faaðer Mooter Sester Bröðer фериншки aatj mam saster bruler емраншки bruder халиншки baabe mäm soster bröör хелголандски Foor Mem Söster Bruur видингхардски tääte määm broor кархардски mäm brauder бекингхардски taatje mam brouder северногесхардски ate mäm broor јужногесхардски fåår, fååðer brööðer северногесхардски fååje soster brår
Поврзано
Фризиски јазици Северна Фризија Фризи
Наводи
Надворешни врски Севернофризиски јазик — Ethnologue Севернофризиски институт Фризиско друштво
Категорија:Фризиски јазици Категорија:Јазици во Германија Категорија:Германски јазици Категорија:Загрозени јазици Јазик Категорија:Германски дијалекти