„Роки“ (англиски: Rocky) е американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен, а по сценариото на Силвестер Сталоне. Главните улоги ги играат: Силвестер Сталоне, Телиа Шири, Берт Јанг, Карл Видерс и Бергес Мередит. Сталоне го напишал сценариото за само три дена, а продуцентите на филмот сакале главниот лик да го игра Џејмс Кан, но Сталоне не го прифатил тоа. Со овој филм, Сталоне станал голема филмска ѕвезда, а „Роки“ добил награди „Оскар“, и тоа во категориите: најдобар филм, најдобра режија и најдобра монтажа. По успехот на овој филм, Сталоне снимил уште неколку продолженија кои, исто така, имале голем комерцијален успех.
Содржина Роки Балбоа (Силвестер Сталоне) има 30 години и живее во сиромашниот дел на Филаделфија. Одвреме-навреме, тој зема долгови за сметка на некој криминалец Тони Гацо (Џо Шпинел). Неговата љубов е боксот, но иако настапил на многу мечеви, тој не успеал да се прослави. Неговиот стар тренер Мики (Бергес Мередит) верува дека Роки има голема дарба, но дека самиот се упропастил и затоа го презира. Роки е вљубен во срамежливата Адријан (Телиа Шири), сестрата на својот пријател Паули (Берт Јанг), но нивната врска се врти во круг. Во меѓувреме, светскиот шампион во бокс, Аполо Крид (Карл Видерс), треба да боксува во Филаделфија со својот предизвикувач, но тој е повреден и не може да настапи. Од рекламни причини, Аполо одлучува да боксува со непознат боксер, а случајно изборот паѓа на Роки, можеби поради неговиот прекар „Италијански пастув“. По разговорот со својот тренер, Роки го сфаќа сериозно предизвикот и почнува да тренира. Роки и Аполо имаат тешка битка, и покрај напорите на Роки, тој е сепак поразен. Судиите одлучуваат дека Аполо Крид е победникот.
Глумци Силвестер Сталоне како Роки Балбоа Телиа Шири како Адријана "Адријан" Пенино Берт Јанг како Паули Пенино Карл Видерс како Аполо Крид Бергес Мередит како Мики Голдмил Тајер Давид како Мајлс Јергенс Џо Шпинел како Тони Гацо Тони Бертон како Тони "Дујк" Еверс Педро Ловел како Пајак Рико Наводи
Надворешни врски
Официлајно мрежно место
„Роки“ на „Sports Movie Guide“ ESPN.com Колимни, стр. 2: Вистински живот, „Роки“ од Џер Мерон Правењет она „Роки од Силвестер Сталоне Филм од крв, плуканици и солзи од Ројс Веб Six Little Познати вистини за „Роки“ од Ралф Вајли Кој „Роки“ е вистинскиот шампион? од Бил Сајмонс
КатегоријаФилмови што се одвиваат во Пенсилванија
Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Роки Категорија:Американски филмови Категорија:Драмски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови за боксери Категорија:Филмови со Силвестер Сталоне Категорија:Филмови на Џон Ејвилдсен Категорија:Филмови произведени од Роберт Чартоф Категорија:Филмови произведени од Ирвин Винклер Категорија:Сценарија на Силвестер Сталоне Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови што се одвиваат во Филаделфија Категорија:Филмови снимени во Пенсилванија Категорија:Филмови снимени во Филаделфија Категорија:Филмови на United Artists Категорија:Филмови во Националниот филмски регистер на САД Категорија:Американски драмски филмови Категорија:Американски божиќни филмови