Пеперминт — македонска рок група оформена во 1999 година во Скопје од Горан Трифуновски. Пеперминт досега имаат издадено шест албуми: „Некако така“, „Ама ако“, „МТВ Анплагд“ , "ОК Е", "Може",„Пеперминт Јуниор“.Групата е позната по својата позитивна и освежителна музика, која комбинира елементи од рок, панк, џез, поп и други жанрови, а нивните настапи во живо се полни со енергија.

Историја Групата Пеперминт е основана во 1999 година од Горан Трифуновски, дипломиран актер од Факултет за драмски уметности во Скопје. Во тоа време, Горан бил студент и член на панк бендот „Крв“, а подоцна работел како водител во ТВ емисијата „Рок Док“. Таму се запознал со басистот Мац, кој бил гостин со својот хард рок бенд. Заедно со тапанарот Бозо, тие ја формирале групата и го снимиле првиот сингл „Песна“ во домашното студио на Горан, кое подоцна прераснало во професионално студио. Од 2010 година, басист во групата е Јане Тодороски.

Пеперминт започнале со свирки во ноќни клубови и барови низ Македонија, но бидејќи рок-музиката не била популарна во тие места, тие се одлучиле да свират преработки на песни во босанова стил од познати рок, панк и метал бендови, под името „Боса Пеперминт“, заедно со вториот вокал Ана Трифуновски.

Вистински пробив постигнале со синглот „Девојката со точакот“, кој станал хит благодарение на оригиналниот видео спот. Групата настапувала на бројни фестивали и манифестации, вклучувајќи „Скопје гори“, „Д-фестивал“, „М.А.Р.С фестивал“, „Виноскоп“, „Пиволенд“, „Златни денови Кратово“, „Лето Крушево“, како и на „МТВ Адриа“ во Словенија. Исто така, имале unplugged концерт на МРТ.

Пеперминт се познати и како домашен бенд во шоуто „Еден на Еден“https://www.youtube.com/user/EdenNaEdenTV на Жарко Димитриоски. Во 2012 година, групата ја добила наградата „Златна бубамара“ за најдобар бенд на годината.

Горан Трифуновски, како основач и лидер на бендот, компонирал музика за повеќе ТВ емисии, театарски претстави, реклами и краткометражни филмови. Во 2017 година, заедно со Никола Левандис, ја издаде книгата со надреалистичка содржина „Мрднати раскази“.

Во мај 2024 година, Пеперминт ја објавија песната „Minna Aishiteru“ („Сите ги сакам“ ), на македонски и јапонски јазик. За јапонската верзија, соработувале со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, со што станаа првиот македонски бенд со авторска песна на јапонски јазик. Промоцијата беше организирана од здружението „Пагода“, кое промовира источноазиски култури во Македонија.

Горан Трифуновски исто така е актер и бил член на Драмски театар Скопје, каде што играл во претставите „Падот на невиноста“, „Собрани дела на Шекспир“, „Хомо Еректус“, „Арт“ и „Ромео и Јулија сега“. Учествувал во филмови како: „Стрмоглави“, „Мајки“, „Бунило“, „Лазар“, „До балчак“, „Три дена во септември“, „Исклучиво жолти лалиња“, „Исцелител“, „Здивот на ангелот“ и други.

Дискографија Албуми „Некако така“ (2008) „Ама ако“ (2013) „МТВ Анплагд“ (2014) „Може" (2015) „Пеперминт 2016“ (2016) „Ок е“ (2023) „Пеперминт јуниор" (2024)

Синглови „Песна“ „Девојката со точакот“ „Зошто не се смееш?“ „Време“ „Сара“ „Забава“ „Мравки“ „Извини“ „И ден и ноќ“ „I see You“ „Ако“ „Бранка“ „Црвено, жолто, зелено“ „Сошиен“ „Riding my Harley in the Rain“ „Твоето куче“ „Ќерката на наставникот“ „Другака ти од маало“ „Добро“ „Лапни пеперминт“ „Сакаш ама нема“ „Супер ден“ „Не си со сите“ „Нос“ „Дефиниција“ „Minna Aishiteru / Сите ги сакам“ (2024)

Наводи

Надворешни врски Пеперминт на Македонска Музичка Мрежа Горан Трифуновски на YouTube

Категорија:Македонски рок-групи Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија