мини|десно|Француски речник отпечатен во 1830 година со подробности за средоземната лингва франка Лингва франка (итал. lingua franca) — јазик што наоѓа систематска примена при општењето помеѓу луѓе од различни јазични подрачја, особено кога тој јазик е различен од матичините јазици на говорниците.Viacheslav A. Chirikba, "The problem of the Caucasian Sprachbund" in Pieter Muysken, ed., From Linguistic Areas to Areal Linguistics, 2008, стр. 31. ISBN 90-272-3100-1

Особености Значењето на поимот „лингва франка“ е чисто функционално и не зависи од лингвистичката историја или составот на јазикот:Intro Sociolinguistics - Pidgin and Creole Languages: Origins and Relationships - Notes for LG102, - University of Essex, Prof. Peter L. Patrick - Week 11, Autumn term. иако пиџините и креолските јазици честопати имаат улога на лингва дранка, тие се варијанти на матичните говори. Јазикот што е вистинска лингва франка има значајна прекугранична улога, протегајќи се далеку од границите на неговиот автохтон народ, и игра улога на трет јазик што го користат лица од други (и меѓусебно различни) јазични подрачја. На пример, англискиот е матичен јазик на Обединетото Кралство, но се користи како лингва франка на Филипините, кајшто луѓето говорат несродни јазици како мајчин.

Потекло на поимот Поимот „лингва франка“ доаѓа од арапското и грчкото збирно поимување за западноевропските народи како „Франки“, втемелено уште пред Крстоносните војни. Со развојот на поморската трговија, говорите на западните народи се помешале со извесни источносредоземни јазици во и околу Османлиското царство и Византија, создавајќи општоприфатен јазик во деловните односи.http://www.komvos.edu.gr/dictonlineplsql/simple_search.display_full_lemma?the_lemma_id=16800&target_dict=1, Lexico Triantaphyllide речник, Greek Language Center (Kentro Hellenikes Glossas), G.Babiniotes, Kentro Lexikologiasж, ISBN 960-86190-1-7

Примери Постојат многу примери за јазици со статус на лингва франка, и тоа на сите континенти. Денес таа улога на светско ниво ја има англискиот јазик, додека, на регионално ниво, таков статус имаат арапскиот, кинескиот, рускиот, францускиот и шпанскиот. Во Југославија ваков статус имал српскохрватскиот јазик.

Со текот на времето, полуларноста на јазиците се менува, па така има разни јазици од историско значење што своевремено биле лингва франка. Таков е францускиот, како јазик на европската дипломатија од XVII до средината на XX век. Сè до почетокот на XX век, класичниот кинески јазик бил пишана и и дипломатска лингва франка во Далечниот Исток, вклучувајќи ги Кина, Монголија, Кореја, Јапонија, кралството Рјукју и Виетнам. Со развојот на исламското царство (733 – 1492), арапскиот јазик станал лингва франка на ова големо подрачје, што во еден период се протегало од границата со Кина и северна Индија на исток, па сè до Шпанија и Португалија на запад.

Поврзано Креол Пиџин Заеморазбирливост Народен јазик Светски јазик Список на јазиците по општиот број на говорници

Наводи

Надворешни врски Англискиот - универзален јазик на интернет? Вовед во изворната средоземна „лингва франка“

Категорија:Јазици Категорија:Социолингвистика Категорија:Италијански зборови