Ангина пекторис или само ангина, е градна болка предизвикана од исхемија (недостаток на крв, а со тоа недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) на срцевиот мускул, најчесто заради затнување или спазам на коронарните артерии (срцевите крвни садови). Главниот причинител на ангината, коронарната артериска болест, се должи на атеросклероза на срцевите артерии. Терминот потекнува од латинскиот збор angina (инфекција на грлото), чие потекло е од грчкиот γχόνη, ankhonē (гушење), и од латинскиот збор pectus (гради). Според ова, може да се преведе како „чувство на стегање во градите“.

Постои мала поврзаност помеѓу интензитетот на болката и степенот на недостаток на кислород во срцевиот мускул (т.е. може да има остра болка со мал или без ризик од срцев удар, а срцев удар може да настане и без болка).

Симптоми на нестабилна ангина претставуваат напади кои сè повеќе се влошуваат, ненадејни напади при мирување и напади кои траат повеќе од 15 минути (обично се проследени со слични симптоми како кај акутен коронарен синдром). Ваквиот напад може да доведе до миокардичен инфаркт (срцев напад) затоа се третира како таков и бара итна медицинска интервенција.

Поделба

Стабилна ангина

Стабилната ангина, исто така позната и како ангина при напор, е поврзана со миокардичната исхемија. Типични симптоми на стабилна ангина се непријатно чувство во градите и слични симптоми предизвикани од некаква активност (трчање, пешачење итн.) и со мали или без никакви симптоми при мирување. Симптомите обично се намалуваат по престанокот со активностите и престануваат кога ќе се продолжи со активноста. На овој начин, може да се смета дека стабилната ангина е слична на симптомите на клаудикација.

Нестабилна ангина

Нестабилна ангина (НА) (или „влошувачка ангина“ која е вид на акутен коронарен синдром) се дефинира како ангина пекторис која е променлива или се влошува. Опфаќа најмалку една од овие одлики: настанува при мирување (или при минимален напор), обично трае повеќе од 10 минути; сериозна ангина проследена со нов напад (т.е. за време на претходните 4-6 недели); и/или ангина проследена со напади кои се влошуваат (т.е. посериозна е, почеста и трае подолго од обично)

НА може неочекувано да настане при мирување што може да биде сериозен показател за претстоен срцев напад. Она по што стабилната ангина се разликува од нестабилната (освен по симптомите) е патофизиологијата на атеросклерозата. Патофизиологијата на нестабилната ангина е намалувањето на коронарниот проток како резултат на променлива агрегација на тромбоцитите при навидум нормален ендотел, коронарни артериски спазми или коронарна тромбоза. Процесот започнува со атеросклероза и кога ќе дојде до воспаление, настанува активна плака која се подвргнува на тромбоза и резултира во акутна исхемија која, откако ќе навлезе калциум, на крај доведува до некроза на клетките. Истражувањата покажуваат дека 64% од сите случаи на нестабилна ангина настануваат помеѓу 22:00 и 08:00 часот кога пациентите мируваат.

Кај стабилната ангина, атеромот кој се развива е прекриен со влакнеста капсула. Кај нестабилната ангина, оваа капсула (атеросклерозната плака) може да пукне при што засирената крв уште повеќе ќе го намали луменот на коронарниот сад. Ова објаснува зошто нестабилната ангина може да настане и без физичка активност. рамка|лево|Местоположба на ангиналната болка Микроваскуларна ангина

Микроваскуларната ангина или ангина синдром икс (syndrome X) се одликува со болка во градите како кај ангината, но истата е предизвикана од други причини. Причинителот на микроваскуларната ангина е непознат, но се претпоставува дека ваквата ангина настанува поради слабото функционирање на малите крвни садови во срцето, рацете и нозете. Микроваскуларната ангина потешко може да се препознае и дијагностицира бидејќи не се одликува со блокада на артериите, но сепак прогнозата е одлична.

Знаци и симптоми

Пациентите со ангина повеќе се жалат на непријатност во градите отколку на вистинска болка: непријатноста обично ја објаснуваат како притисок, тешкотија, напнатост, стегање, чувство на печење или на давење. Покрај непријатноста во градите, ангината може да предизвика болки и кај епигастриумот (горниот дело од абдоменот), грбот, вратот, вилицата или рамениците. Ова се објаснува со концептот на симптоматична болка и се должи на ’рбетниот дел кој, без да ги разликува, истовремено прима висцерални реакции од срцето и кожни реакции од делови од кожата утврдени од дерматомот на тој ’рбетен нерв. Симптоматичната болка обично се појавува кај рацете (често кај внатрешниот дел на левата рака), рамениците и вратот поточно кај вилицата. Ангината обично настанува при напор или емоционален стрес. Може да се влоши при ниски температури или ако лицето е прејадено. Болката може да е проследена со недостаток на воздух, потење и, во некои случаи, со мачнина при што пулсот се забрзува, а крвниот притисок се покачува. Доколку болката во градите трае само неколку секунди, најверојатно не станува збор за ангина.

Миокардичната исхемија настанува кога миокардот (срцевиот мускул) не прима доволно крв и кислород за да функционира нормално. Ова може да се случи поради тоа што миокардот бара повеќе кислород или не е доволно снабден со истиот. Несоодветната перфузија на крвта и намаленото снабдување со кислород и хранливи производи се директно поврзани со блокираните или стеснетите крвни садови. Кај некои лица се појавуваат „автономни симптоми“ (поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем) како што се гадење, повраќање и бледило.

Најголемите ризични фактори за настанувањето на ангината се пушење цигари, дијабетес, висок холестерол, висок крвен притисок, недоволна физичка активност и семејна историја на предвремена срцева болест. Еден вид на ангина (Принзметалова ангина) настанува кај пациенти со нормални коронарни артерии или мал степен на атеросклероза. Почеста е кај помладите жени и се смета дека ја предизвикуваат спазми на артеријата.

Обратете се на лекар ако нападот трае повеќе од 15 минути, тоа може да биде и срцев удар. Веднаш повикајте брза помош. ако мислите дека тоа е можеби првиот напад на ангина кај Вас; мора да утврдите дали се работи точно за тоа. ако нападите стануваат почести, посилни, подолги и понепредвидливи; ова се знаци на нестабилна ангина. ако земате бета-блокатор и преживувате вознемирувачки дејства кои го придржуваат ако земате нитратен лек и Ве фаќа несвестица, вртоглавица, слабост, бледило или прекумерно се потите. Ова се знаци на пречувствителност или предозирање ако земете блокатор на калциумовите канали и забележите придружни појави како грчеви во желудникот, забавен пулс, аритмии, главоболка, запек, отекување, несвестици или задишаност.

Причинители Главни ризични фактори

Возраст (кај мажи над 55 години, кај жени над 65 години) Пушење цигари Дијабетес мелитус (ДМ) Дислипидемија Семејна историја на предвремена срцева болест (кај мажи под 55 години, кај жени под 65 години) Хипертензија Болест на бубрезите (микроалбуминурија или брзина на гломеруларна филтрација помала од 60mL/min) Дебелина (индекс на телесна маса поголем од 30 кг/m2) Физичка неактивност

Состојби кои ја влошуваат или причинуваат ангината

Лекови Вазодилатори Пречесто менување на штитна терапија Вазоконстриктори Полицитемија која предизвикува згуснување на крвта поради што тече побавно низ срцевиот мускул

Едно истражување покажало дека пушачите со болест на срцевите артерии имале позголемена активност на симатичкиот нерв отколку оние кои немаат таква болест. Ова дополнително го зголемува крвниот притисок, пулсот и периферната васкуларна отпорност поврзани со никотинот што може да доведе до повторливи напади на ангина. Покрај тоа, ЦКБ (Центар за контрола на болести) известува дека ризикот од КСБ (Коронарна срцева болест), удар и ПВБ (Периферна васкуларна болест) се намалува за една до две години по престанувањето со пушење. Друго истражување покажало дека, по година дена од првиот напад, кај мажите пушачи под 60 години ангината се намалила за 40%, но кај оние што престанале да пушат. Истражувањата откриле престанувањето со пушење носи и краткотрајни и долготрајни придобивки.

Други медицински проблеми

Тешка анемија Неконтролирана хипертензија Хипертироидизам Хипоксемија

Други срцеви проблеми

Тахиаритмија Брадиаритмија Валвуларна срцева болест Хипертрофска кардиомиопатија

Миокардичната исхемија може да настане од: намален крвен проток до срцето кој може да биде резултат на стеноза, спазам или акутно затнување на срцевите сртерии (предизвикано од емболија). отпорност на крвните садови. Ова може да биде предизвикано од стеснување на крвните садови односно намалување на пречникот. Крвниот проток е обратнопропорционален на пречникот на артеријата. намалениот капацитет на крвта за носење на кислород поради неколку фактори како што се намалување на притисокот на кислород и концентрацијата на хемоглобин. Ова ја намалува способноста на хемоглобинот да го носи кислородот до миокардичното ткиво.

Атеросклерозата е најчеста причина за стеноза (ги стеснува крвните садови) на срцевите артерии, а со тоа и за ангина пекторис. Некои пациенти со болка во градите имаат нормално или минимално стеснување на срцевите артерии и кај нив поголеми се шансите болката да е предизвикана од вазоспазам, понекогаш во контекст на Принзметалова ангина и синдром икс.

Миокардичната исхемија исто така може да биде резултат на фактори кои влијаат врз составот на крвта како што се намалената капацитет на крвта за носење кислород која што може да се забележи кај тешката анемија (мал број на црвени крвни зрнца) или долготрајното пушење цигари.

Патофизиологија

Ангината настанува таму каде што не е изедначена потребата и доставувањето на кислород. Оваа нерамнотежа може да доведе до зголемување на потребата за кислород (на пример при вежбање) без соодветно зголемување на доставувањето (на пример при затнување или атеросклероза на коронарните артерии).

Дијагноза

Ангината е можна кај луѓе со стегање, тапа болка или тешкотија во градите која е: Ретростернална или се појавува на левата страна, ширејќи се кон левата рака, вратот, вилицата или грбот. Настанува поради напор или емоционален стрес и исчезнува по неколку минути одмор. Се јавува по јадење или при ниски температури.

Некои пациенти со атипични симптоми, вклучувајќи го и немањето здив, мачнината, непријатноста во епигастриумот или ждригањето. Овие атипични симптоми најчесто се појавуваат кај постари луѓе, жени и кај болните од дијабетес.

Болката предизвикана од ангина обично не е ни силна, ни остра, ниту пак и влијае дишењето. Алкалините и обичната аналгезија обично не ја намалуваат болката. Ако непријатноста (на кое било место) во градите е предизвикана од напор, а се намалила со мирување и со глицерил тринитрат, тогаш веројатноста за ангина се зголемува.