мини|десно|250п|Традиционална архитектура од село Железнец. Железник или Демир Хисар — историско-географска област во југозападниот дел на Република Македонија по горното течение на Црна Река и нејзините притоки. Областа се наоѓа на северозапад од Пелагонија. Западната граница на Железник ја образуваат планините Илинска, Бигла и Плакенска кои ја одделуваат областа од Горна Преспа на југозапад и Дебрца на северозапад. Поради богатството на овие планини со железна руда и областа го добила името Железник. Во областа се наоѓаат 45 села, со центар во градот Демир Хисар (поранешно с. Мургашево).
Населени места мини|десно|Брачна двојка во носија од Железник, 1915 г. Следува табела на движењето на бројот на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk .
Населено место19001905191719481953196119711981199420022021Бабино430480463547533451319194703421Базерник350400339412360244211154835214Бараково7272861991251189490746755Белче10012878154154170175199208245210Боиште6507207426866614953821802272Брезово560800611700639510310197696226Вардино200288370802692543492419327266198Велмевци800960725619511227124871877Вирово35040051865363046143534521715156Големо Илино640624508618604412295208815213Големо Црско265288325223215975333104—Граиште18020018514131231127526016414572Доленци3303603024424644023172421509760Единаковци300320382580639588596552384338228Жван340360459779907904786699506428242Железнец320320279385398311215133869716Журче350400475739766704595527285255150Загориче1401287620822524725529914011594Зашле280320259414453402201103484212Кочиште32029642267284274177110453810Кутретино526471159161164197179271301264Лесково260280403322320215671———Мало Илино5004802673873463152201671065034Мало Црско2503604322922341224022516Мренога38040034754449341436028818510755Ново Село20030012251274239169120503529Обедник250120344481487408403479382273239Прибилци450480404481482436427362287266153Радово25021632821822217914198281313Ракитница25524026435136430517183403711Растојца17020020126828623813881231910Света325366373557608545590590403332258Сладуево—804910612610996105817752Слепче5708006951 1431 1081 0991 0781 031791719555Слоештица650720421878841746621535299221141Смилево2.2002.5009971 3411 3391 158731689384321218Сопотница5606406829851 0709561 2191 261989929715Стругово320320494645644607550535353286184Суво Грло554886157156143102622787Суводол1206027457487448479568426415371Утово701729413313111998130513534Цер1.5601.9601.2441 0721 16394567239020815960Церово19516032725929121115367102—Демир Хисар (Мургашево)2402402735439021 1291 8282 2832 4472 5932 431ВКУПНО16.85919.07016.05921.59722.10719.12116.85715.15710.8339.6617.326
Најголем број на жители, областа имала во пописот од 1953 година, кога во Железник биле запишани 22 107 жители. Потоа сите наредни пописни години населението во поголема или помала мера опаѓа, а најголемото намалување се случило во 1994 година, кога од 15 157 жители во 1981, населението се намалува на 10 833 во 1994 година или околу 28,5 % жители на Железник се иселиле од оваа област. Во поширок временски опфат, од 1953 до последната пописна 2002 година, населението на областа Железник е намалено за 56,2 %, а тоа најмногу се должи на намалувањето на бројот на жители во селата Смилево, Слепче, Цер, Слоештица, Жван кои од големи населби станале мали или средни по големина.
Поврзано Општина Демир Хисар
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Општина Демир Хисар