Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија.

На 15 јули 1917 година Кадетите ја напуштиле седницата на Руската привремена влада, заканувајќи се на меншевиците и Социјалистичките револуционери (СРС), со распад на владината коалиција. Јулските денови се одржале во Петроград во периодот од 16 до 20 јули, каде група од војници и индустриски работници започнале нереди во градот и истите биле насочени против привремената буржоазиска влада. Во демонстрациите и нередите учество зеле над 500.000 луѓе. За целиот настан, по неговото задушување, биле обвинети Болшевиците. Во текот на нередите, по наредба на владата, офицерските одреди започнале да пукаат кон демонстрантите. водачот на Болшевиците Ленин бил во бегство додека пак голем број од останатите водачи биле уапсениChristopher Read (2005) Lenin. London, Routledge: 160-2A History of Western Society . Chapter Outlines. Chapter 27: The Great Break: War and Revolution, Seventh Edition. John P. McKay, University of Illinois, Urbana-Champaign; Bennett D. Hill, Georgetown University; John Buckler, University of Illinois, Urbana-Champaign"In July 1917, a half-baked Bolshevik uprising against the Government failed. Trotsky went to prison but Lenin escaped to Finland." (Key Themes of the Twentieth Century by Philip Sauvain. p.54).Во текот на нередите биле убиени повеќе од 700 луѓе.

Како краен резултат од настаните било оставка на кабинетот и создавање на нова влада предводена од страна на Керенски.

По јулските денови престанало двостраното владеење. Власта преминала целосно во рацете на контрареволуционерите, а советите поминале во нелегалност и започнале подготовка за востание познато како Октомвриска револуција.

Наводи

Категорија:Привремена руска влада Категорија:Историја на Санкт Петербург