Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република (руски: Абхазкая Автономная Советская Социалистическая Республика) — автономна република во Советскиот Сојуз во составот на Грузиска ССР.
Републиката била основана во февруари 1931 година, кога Социјалистичка советска република Абхазија која била создадена на 4 март 1921 година била преобразувана со статус на автономна советска социјалистичка република во составот на Грузиска ССР.
Територијата на земјата опфаќала 8.600 квадратни километри, а бројот на населението било 535.000 луѓе. Односнот меѓу градското и селското население бил 261.000 кон 274.000 луѓеСССР, Административно-териториаляное деление союзных республик, стр. 451: Данните са към 1 януари 1987 г.. Републиката била наградена со орден Ленин во 1935 година, со орден Октомвриска револуција во 1971 година и со орден на народите во 1972 годинаСССР Энциклопедический справочник, ред. А. М. Прохоров, стр. 547..
Својот устав бил изгласан на 2 август 1937 година. Врховен орган претставувал Врховниот совет кој бил избиран на секои четири години и неговиот Президиум.
Републиката имала 11 претставници во Советот на народите на Врховниот совет на СССР.
Поврзано Абхазија
Наводи
Категорија:Автономни републики на Советскиот Сојуз Категорија:Поранешни комунистички републики Категорија:Историја на Абхазија Категорија:Држави и територии настанати во 1931 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1992 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1991 година