Велосипедската екипна потера за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се одржала на Лондонскиот велопарк на 2 и 3 август.

Екипната потера започнала со квалификациско коло. Екипите биле подредени во првото коло според нивните остварени резултати во квалификациите – најбрзата екипа се натпреварувала против четвртата најбрза, втората се натпреварувала против третата, петтата против осмата и шестата против седмата. Победниците од двете групи помеѓу првите четири екипи продолжиле во финалето; останатите шест екипи биле пласирани според нивните времиња од првото коло, додека најдобрите две екипи од нив се натпреварувале за бронзата.

Екипата на Велика Британија составена од Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Барк и Питер Кенох го освоила златниот медал со време побрзо од светскиот рекорд, 3 минути и 51,659 секунди. Австралија го освоила сребрениот медал, додека Нов Зеланд бронзата.

Распоред

Сите времиња се според UTC+01:00 ДатумВремеКолоЧетврток, 2 август 2012 <b>16:42 <b> КвалификацииПеток, 3 август 2012 <b>16:18 <b> Прво колоПеток, 3 август 2012 <b>17:59 <b> Финале

Резултати Квалификации

МестоЗемјаВелосипедистиРезултатЗабелешка 1 Ед КленсиГерајнт ТомасСтивен БуркПитер Кенох 3:52,499 К, СР 2 Џек БобриџГлен О’ШиРоан ДенисМајкл Хепберн 3:55,694 К 3 Сем БолиВестли ГоуМарк РајанЏеси Сарџент 3:57,607 К 4 Ласе Норман ХансенМихаел МеркевРасмус КвадеКаспер фон Фолзах 3:58,298 К 5 Евгениј КовалевИван КовалевАлексеј МарковАлександар Серов 3:59,264 К 6 Пабло БерналСебастијан ВедриДавид ХуанедаАлберт Барсело 4:02,113 К 7 Хуан АрангоЕдвин АвилаАрлес КастроВајмар Ролдан 4:03,712 К 8 Леви ХимансЏенинг ХуизенгаВим СтрутингаТим Велт 4:03,818 К 9 Гејс ван ХукеДоминик КорниЏонатан ДифраснКени де Кетел 4:04,053 10 Чое Синг-ваоЈанк Сун-јеПарк Кан-ваоПарк Сан-хо 4:07.210

К = квалификувани; СР = светски рекорд

Прво коло

ГрупаМестоЗемјаРезултатЗабелешка 4 1 3:52,743 3 2 3:54,317 3 3 3:56,442 2 4 3:57,237 4 5 3:57,396 1 6 3:59,520 2 7 4:04,029 1 8 4:05,485

Коло за медал

Натпревар заЕкипаВремеМесто злато 3:51,659 (СР) 3:54,581 бронза 3:55,952 3:58,282 4

Наводи

Екипна потера за мажи