Паоло Роси (роден 23 септември 1956, во Прато - починал 9 декември 2020, во Сиена) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач.

Во 1982 година, тој ја предводел италијанската репрезентација до титулата на Светското првенство во 1982, постигнувајќи шест гола и освојувајќи ги наградите златна копачка - како најдобар стрелец на првенството - и златна топка. По неговиот настап во 1982-та на Светското Првенство тој стана херој во срцата на сите Италијанци. Роси е еден од само двајцата играчи кој ги имаат освоено сите три почести на еден турнир (другиот е аргентинецот Марио Кемпес, во 1978). Во 2004 година, тој бил избран од Пеле како еден од 125-те најголеми фудбалери на сите времиња.

По завршувањето на играчката кариера, Роси преминал во спортското новинарство, а потоа работел како експерт за неколку телевизиски куќи во Италија како Sky, Mediaset Premium, и Rai Sport до неговата смрт на 9 декември 2020.

Титули

Клупски Јувентус Серија А : 2 1981–1982, 1983–1984 Куп на Италија : 1 1982–1983 Европски куп : 1 1984–1985 Куп на победниците на куповите : 1 1983-1984 Суперкуп на УЕФА : 1 1984

Репрезентативни Италија Светско првенство : 1 Шпанија 1982

мини|Паоло Роси со трофејот освоен од Светското првенство 1982.

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на ФК Комо Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Починати во 2020 година Категорија:ФИФА 100