„Шепнувачот“ () е првиот роман од италијанскиот писател Донато Каризи. Книгата е издадена во 2009 година од Лонганези () co ISBN 8-830-42644-X. Македонскиот превод е од Горица Попова во издание на Матица Македонска од 2011 година.
Фабула
Во непозната земја се пронајдени гробишта на детски леви раце. Во претходните денови има серија на киднапирања на мали девојчиња на возраст од 9 до 13 години. За решавање на случајот на помош на специјалната единица е додаден киминологот Д-р Горан Гавила. Но, со понатамошните анализи на теренот се открива уште една детска рака, ампутирана на начин поинаков на од другите, така што последното дете останува живо. На тимот му се приклучува и експертот за детски грабнувања, агентот Мила Васкес. Приказната ги открива грозните злосторства на повеќе криминалци од минатото на градот, полека приближувајќи му се на серискиот убиец, одговорен за смртта на петте девојчиња. Роман кој ќе ве натера да го читате без здив до псоледната страница.„Шепнувачот“; КАРИЗИ, Донато; Матица Македонска; 2011
Библиографија
Категорија:Преведени романи Категорија:Италијански романи Категорија:Донато Каризи Категорија:Матица Македонска Категорија:Криминалистички романи Категорија:Трилер романи