Хернинг е значаен град во Данска, поточно во западниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Среден Јитланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Хернинг. Денес Хернинг има 46.873 жители (од 1 јануари 2012)BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика во градот и околу 86.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови Хернинг се наоѓа во западниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 310 километри северозападно.

Релјеф: Градот Хернинг се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 40 до 55 метри.

Клима: Климата во Хернинг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хернинг се формирал во внатрешноста на Данска. Градот исто така нема излез на река, а во околината на градот има многу мали езерца, кои денес најмногу се користат во турустички цели.

Историја Подрачјето на Хернинг било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува во 1579 година, но сè до 19 век тоа претставувало село. Дури тогаш, со развој на текстилната индустрија, населбата почнала да расте, а во 1913 Хернинг ги стекнал градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население Денес Хернинг има 46.873 жители во градските граници и околу 86.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Хернинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

Наводи

Надворешни врски www.herning.dk Официјално мрежно место на градот Хернинг

Категорија:Градови во Данска