Кеге е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Кеге. Денес Кеге има околу 35.000 жители во градот и околу 57.000 жители во поширокото градско подрачје.
Природни услови Куге се наоѓа во источниот дел на Данска. од главниот град Копенхаген, Кеге е оддалечен само 40 километри југозападно.
Релјеф: Градот Кеге се наоѓа во јужниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на градското средиште се движи помеѓу 0-10 метри.
Клима: Климата во Кеге е претежно умерено-континентална по големо влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.
Води: Кеге се формирал непосредно до Балтичко Море, пред неговото стеснување во Ересундски мореуз. Старото градското езеро се формирало на место на сливот на истоимената река Кеге во морето.
Историја Подрачјето на Кеге било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува околу 1100 година, а во 1288 година ги добило градските права.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население Денес Кеге има околу 35.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Кеге до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
Надворешни врски
www.koege.dk Официјално мрежно место на градот Кеге
Категорија:Градови во Данска Категорија:Пристанишни градови на Балтичкото Море