Добротино — село во Општина Кавадарци.

Географија и местоположба Добротино — село во општина Кавадарци.

Историја Селото било основано кон крајот на XVIII век, кога во селото се доселиле избегани жители од раселеното село Крстот.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Во 2002 година во селото имало 2 жители, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови Како родови во селото се спомнуваат:

Староседелци: Лазарковци (9 к.) и Стојановци (3 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од раселеното село Крстот кон крајот на XVIII век. Во атарот на тоа село припаѓал Тиквешкиот манастир.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Атанасица - населба од доцноантичкото време

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци

Категорија:Раселени села во Македонија