Рожден — село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на селото
Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел од Општина Кавадарци, под источната падина на планината Козјак, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри.
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 81,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 6.939 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 436 хектари, а на пасиштата 270 хектари.
Историја
Во век, Рожден било седиште на село истоимената нахија во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рожден имало 984 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рожден имало 640 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.
Од селото се иселил поголем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, но денес доведена во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 681 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само 27 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Рожден имало 21 жител, од кои 19 Македонци и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 2 Македонци и 3 лица без податоци.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Спас“ мини|300п|десно|Споменик на НОБ
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Рожден се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Мрежичко.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, Р’жаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Спас“ — главна селска црква
Споменици Споменик на НОБ
Археолошки наоѓалишта Рожден има голем број на археолошки наоѓалишта, од кои највеќето се од доцната антика, и многу од нив се потесно поврзани со металообработката како главна стопанска гранка во тоа време.
Арничко — населба и некропола од доцноантичко време Градиште — градиште од доцноантичко време Долевица — населба и топилница од доцноантичко време Дупкарови Колиби — населба и топилница од доцноантичко време Ѓоновица — населба и топилница од доцноантичко време Извор — населба и топилница од доцноантичко време Крушите — населба и топилница од доцноантичко време Манастир — населба и топилница од доцноантичко време Пештерна Црква — сакрален објект од средниот век Плочите — населба и топилница од доцноантичко време Рамниште — населба и топилница од доцноантичко време Рачеви Плевни — населба и топилница од доцноантичко време Рулевец — населба и топилница од доцноантичко време Св. Петар — сакрален објект од средниот век Сиви Кладенец — топилница од доцноантичко време Чакови Колиби — населба и топилница од доцноантичко време
Редовни настани
Во Рожден од 1980 година редовно на Ѓурѓовден се одржуваат „Рожденски средби“ на кои доаѓаат сите иселеници од местото. Во присуство на две до три илјади луѓе се спроведуваат црковни обреди со јавни наддавања за донирање на разна стока од чија продажба се собираат средства за црквата. На овие средби учество земаат и естрадни уметници, а се држи и говор за загинатите од НОБ, по што следи полагање венец крај споменикот на 11. жртви од НОБ со кои Рожден е второто село од Општина Кавадарци по бројот на загинати војници по Ваташа. Средбите се со долга традиција и тоа е прилика во која се среќаваат роднините и пријателите по потекло од ова село, кои живеат во странство и специјално доаѓаат за средбата.
Култура и спорт
Од 2016 година, низ селото поминува патеката за долгиот маратон во планински велосипедизам на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци