Душко Поповиќ (српски: Душко Поповић; , Србија, - , Албанија, )Дејан Алексиќ „Душко Поповиќ-Ѓоко: прилог кон биографијата“, Скопје, 1985, 69 стр. бил македонски и југословенски комунист и партизан.
Животопис Поповиќ е роден во Врање, Србија, во 1913 година. Имал нешто повеќе од една година кога неговото семејство се преселило во Скопје. Завршил основно училиште и гимназија во Скопје, а во 1932 година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1934 година, тој бил примен за член на КПЈ. Како студент активно работел во движењето на напредните студенти. Правилно ја разбрал ситуацијата во која се наоѓал македонскиот народ, чие револуционерно минато добро го познавал. Со својата неуморна работа придонел за правилното ориентирање на напредната македонска интелигенција. Како и многу други, силно ги чувствувал тешкотиите на кои биле изложени работните маси од градот и селото. Како истакнат организатор против режимот, полицијата постојано го гонела. На 26 јануари 1935 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на една и пол година затвор. Казната ја издржувал во Сремска Митровица. Од затвор излегува на 27 јули 1936 година. По издржувањето на казната неуморно работел за организационо зацврстување на студентското движење. По негова иницијатива бил организиран првиот состанок на студентите од сите градови на вардарскиот дел на Македонија, што бил одржан во летото 1936 година во Охрид. Кога Германија ја нападнале Чехословачка во 1938 година, станал еден од организаторите на акцијата за пријавување на доброволци за одбрана и помош на народот од оваа земја. И самиот се јавил за доброволец, заедно со неколку стотини младинци. Во наредната 1939 година, тој придонел да бидат осудат италијанските фашисти, кои ја нападнале и ја зазеле Албанија. Во 1939 година, тој станал член на редакцијата на „Наша реч“. Бил организатор на протестните демонстрации. Учествувал на општонародните демонстрации од 27 март 1941 година во Скопје.
Окупација на Македонија десно|мини|220п|Споменик на местото каде била куќата на Поповиќ во Ново Маало, Скопје. По окупацијата на Македонија во 1941 година, тој преминал во илегала и делувал прво во Скопје, а од есента 1941 година во Западна Македонија, во Гостивар. Во 1943 година, тој бил еден од организаторите на Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ и негов инструктор. На 27 април 1943 година, тој бил уапсен по битката против балистите во Ново Село, Гостиварско. Тој бил спроведен во затворот во Тирана, и бил осуден на смрт и обесен на 17 мај 1943 година, заедно со петмина други соборци.Антун Колендиќ „Рацин на робија“ По повод неговата ликвидација, албанското население протестирало и демонстрирало по улиците на Тирана.
Во негова чест, неколку македонски улици го носат неговото име, а на местото каде што била неговата куќа во Скопје, во Ново Маало, било поставено спомен-обележје.Крсто Здравковски „Да не се заборави: споменици и спомен белези од НОВ во Скопје“, Скопје, 1982, 90-91 стр.
Наводи
Категорија:Луѓе од Врање Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски Срби Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Затвореници и притвореници во Албанија