Кањива (од кечуански: qañiwa; ) е вид на дива лобода, слична по карактер и употреба на кинојата.

Растението има значајни корисни особености: издржливост при планински услови на големи височини, големо количество на белковини, антиоксиданси и фенол, но не содржи сапонин, кој ја отежнува употребата на кинојата.

Неповолно е тоа што растението не е сосем одомаќинето, па затоа одгледувачите сè уште се соочуваат со нерамномерност во узревањето на зрната.

Поврзано Киноја Дива лобода

Надворешни врски Андски житарки и зрнести растенија База на растенија на иднината Полјоделски култури на иднината: Кањива (Chenopodium pallidicaule)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дива лобода Категорија:Житарки Категорија:Флора на Јужна Америка