thumb|Хофкирхе со Земперовата опера на десната страна.
Хофкирхе () и од 1980 исто така позната како Kathedrale Sanctissimae Trinitatis („Катедрала Света Троица“) е римокатоличка катедрала во Дрезден. Претходно најважна католичка парохиска црква во градот, била издигната до степен катедрала на Римокатоличката бискупија Дрезден-Мајсен во 1964. Се наоѓа близу реката Елба во историскиот центар на Дрезден, Германија.
Историја
thumb|left|Црквата околу 1840
Хофкирхе важи за една од најпознатите знаменитости на Дрезден. Била проектирана од архитектот Гаетано Кјавери од 1738 до 1751.Fritz Löffler: Das alte Dresden - Geschichte seiner Bauten. 16th ed. Leipzig: Seemann, 2006, ISBN 978-3-86502-000-0 (германски) Црквата била градена од Август Трети Полски, додека протестантскиот град Дрезден ја градел Фрауенкирхе помеѓу 1726 и 1743. Изборниот кнез одлучил дека католичката црква е потребна со цел да се одржи рамнотежа со протестантската Фрауенкирхе.
Во криптата запопано е срцето на кралот Август Втори Силниот заедно со последниот крал на Саксонија и остатоците на 49 други членови на семејството Ветин, како и луѓе кои се венчале за членови на семејството.
Црквата била многу оштетена во текот на бомбардирањето на Дрезден во Втората светска војна и била обновена во средина на 1980-тите под режимот на Источна Германија. Денес е катедрала на Римокатоличката бискупија Дрезден-Мајсен.
Катедралата поседува грижливо обновени оргули, последно дело на градителот на оргули Готфрид Зилберман.
Внатрешност
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Римокатолички катедрали во Германија Категорија:Катедрали во Германија Категорија:Туристички атракции во Дрезден Категорија:Цркви во Дрезден