thumb|350px|Преглед на етапите; црвените линии ги означуваат растојание поминати на самите етапи, додека црните испрекинати линии ги означуваат растојанијата поминати во префрлања помеѓу етапите.
Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август, а етапата 11 ќе се случи на 29 август. Изданието во 2012 започнало со екипен хронометар - каде сите членови на екипата започнале заедно да возат на патеката во борба против часовникот - во Памплона, Навара и трката ќе остане во Шпанија, с до завршницата на осмата етапа, кога се оди на врвот Колада де ла Галина во Андора. По деветтата етапа следува првиот ден за одмор и се од Барселона до Пуентеареас; друмската етапа е следена од единствениот поединечен хронометар на трката, кога секој член на екипата ќе вози сам на патеката во борба со часовникот.
биле победници на воведниот екипен хронометар, забележувајќи време за десет секунди побрзо од другите екипи; нивниот прв возач кој ја поминал целта, Џонатан Кастровјехо, станал првиот водач на трката. Го одржал неговото водство на првата друмска етапа следниот ден - првата од четирите етапни победи за германскиот спринтер Џон Дегенколб, кој исто така победи на етапите 5, 7 и 10 – но го загубил водството на првата етапа со завршница на нагорнина на етапата. Меѓутоа црвената маичка останала во рамките на екипата, бидејќи Алехандро Валверде избил во генералниот пласман откако го победил Хоаким Родригес со фотофиниш на крајот на етапата. Валверде го изгубил водството следниот ден, откако учествувал во пад со неколку други членови од неговата екипа, додека темпото на групата било зголемено од екипата . Како последица, Валверде ги обвинил , додека неговиот тимски менаџер водел расправии со членовите на екипата . Потоа Родригес го преземал водството на трката, но држел мала предност од една секунда пред Крис Фрум.
Немало никакви промени во пласманот до втората завршница на нагорнина на шестата етапа, кога Родригес и Фрум биле двајцата кандидати за етапна победа. Фрум нападнал, но го следел Родригес, кој со вториот напад се одвоил од Фрум и се временските бонуси на целта, го зголемил своето водство за десет секунди. Во Андора, повторно борба меѓу главните соперници за трката; едно време, Алберто Контадор нападнал на чело на групата и држел предност од десет секунди – гледајќи кон неговата прва победа по неговото враќање по завршувањето на суспензијата – пред да ја намали брзината и Валверде и Родригес да го победат на целта, додека Фрум доцнел многу зад нив. Родригес додал нови дваесет секунди предност на неговото водство следниот ден, откако нападнал на последното искачување и неговата предност од околу една мунута пред поединечниот хронометар било сосема доволна за него да го одржи водството по етапата; го имал седмото најбрзо време на етапата и ја зачувал црвената маичка, со само една секунда пред Контадор, кој го поместил Фрум во пласманот. Како последица на тоа, Родригес имал уште шанса за победа на трката во втората половина на Вуелта, каде имало повеќе планински етапи.
ЛегендаМаичките кои се појавуваат во табелата на левата страна на страницата означуваат дека се носени од велосипедистот на дадената етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна на страница означуваат дека на велосипедистот му се доделени по етапата. 20px|alt=A red jersey Го означува предводникот во генералниот пласман 20px|alt=A bluedotted jersey Го означува предводникот во планинскиот пласман 20px|alt=A green jersey Го означува предводникот во бодовниот пласман 20px|alt=A white jersey Го означува предводникот во комбинираниот пласман 20px|alt=A jersey with a white rider number on a red background Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот и.в. Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време.
Етапа 1
18 август 2012 — Памплона, 16,5 км, екипен хронометар (TTT)
Трета година по ред, Вуелта започнала со екипен хронометар; овојпат, започнала во градот Памплона во Навара, првпат домаќин на Вуелта од 1994, кога Французинот Лорен Жалабер ја освоил тринаесеттата етапа на трката. Самата етапа била во и околу Памплона, додека последниот километар од етапата поминувал по патеката на познатата Трка со бикови, кога се одржала еден месец претходно на фестивалот Сан Фермин. Како и Трката со бикови, етапата завршила во средина на Плаза де Торос, главната арена за бикови во градот. била првата екипа од 22 кои започнале на етапата, носејќи различен дрес на себе; откако добиле забрана од Меѓународниот велосипедистички сојуз, екипата носело бело-црвени дресови, наместо вообичаените зелени. Меѓутоа, со време од 20' 18", екипата на крајот завршила на последното место.
Екипите настапувале на патеката од 16,5 километри во временска меѓуразлика од 4 минути; била втората екипа, кои забележале време скоро една минута побрзо од дотогашното. , кои го освоиле екипниот хронометар на Џиро д’Италиа во мај, исто така поставиле добро време на патеката, пред да доживеат пад тројца од нивните возачи, и задоцнил Ендру Талански, главниот кандидат за генерален пласман од екипата. била следната екипа, која поставила време од 19' 01" на петаката, кое се одржувало некое време. ја започнала етапата слабо, но со солидната втора половина од патеката се нашле на врвот на списокот најдобри екипи и на крајот ги надминале за мала разлика. Тие биле бркани од , кои исто така забележале време од 19' 01", и покрај тоа што членовите на екипата Тони Мартин и дебитантот на Гранд Тур Здењек Штибар биле попречени на патеката од мотор. Меѓутоа, тие биле незначително побрзи отколку и .
Сè до последната екипа на етапата не било надминато тоа време и границата од 19 минути. ја имале честа да започнат последни поради Хуан Хосе Кобо – победникот од минатогодишното издание на трката за – кој станал дел од нивните девет возачи. Екипата била само две секунди побавна од на мерната точка и бидејќи британската екипа не ја издржала жештината од 35°С во Северна Шпанија, го одржал нивното темпо и забележал време од 18' 51" на патеката, со што ја забележал првата победа на екипен хронометар на некој Гранд Тур за шпанската екипа во последните девет години. Како прв возач, кој ја поминал целта, Џонатан Кастровјехо ја добил првата црвена маичка на трката за предводник во генералниот пласман, со дури четворица од неговите колеги во исто време и Кобо на шестото место, задоцнувајќи четири секунди во последните метри.
Резултат од етапа 1 Екипавреме 1 2 + 10" 3 + 10" 4 + 10" 5 + 12" 6 + 12" 7 + 14" 8 + 15" 9 + 28" 10 + 33"Генерален пласман по етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 0" 3 + 0" 4 + 0" 5 + 0" 6 + 4" 7 + 10" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 10"
Етапа 2
19 август 2012 — Памплона до Вијана, 181,4 км
Првата друмска етапа на Вуелта 2012 се случила надвор од Памплона и продолжила кон југ, преку круг околу Тафала - каде се одржал првиот среден спринт на трката – и првото категоризирано искачување, Алто де ла Чапела од трета категорија, пред да се упатат кон Вијана. Во самата Вијана имало среден спринт на првото поминување низ градот, пред да се случи самата завршница вториот пат. Бидејќи поголемиот дел од патеката од 181,4 километри била рамна, на крајот се очекувало да има масовен спринт и борба меѓу спринтерите за етапна победа. Тројца возачи - шпанскиот двоец Хавиер Арамендија од и возачот на Хавиер Чакон, заедно со Михаил Игнатиев () – се одвоиле на околу 6 километри од почетокот на етапата, правејќи рано бегство на етапата и триото успеало да ја зголеми својата предност пред главната група на околу пет минути. Ники Терпстра исто така бил дел од бегството во едно време, но бидејќи го загрозувал предвоникот во генералниот пласман Џонатан Кастровјехо од за само десет секунди, на бегството не му било дозволено да стекне значајна преднот. На крајот, Терпстра отпаднал од тројцата возачи и се вратил во главната група.
Помеѓу водечкото трио, тие ги освоиле најголемиот број на бодови на двата средни спринта, додека Чакон ја освоил првата бело-сина точкеста маичка за планинскиот пласман, но само откако Арамендија бил казнет за неправилно преминување на врвот Алто де ла Чапела од трета категорија. Потврдувајќи ја маичката до крајот на денот, Чакон отпаднал на околу 20 километри пред целта, кога разликата пред главната група била околу минута; Алберто Контадор () освоил бонус од две секунди за третото место на средниот спринт во Вијана, приближувајќи му се на неговиот главен соперник за генералниот пласман Крис Фрум, од . Игнатиев и Арамендија биле достигнати во последните километри на етапата и и покрај неколкуте мали напади, очекуваната спринтерска завршница се случила, каде спринтерот на Џон Дегенколб ја освоил својата прва етапна победа на некој Гранд Тур, победувајќи ги возачот на Алан Дејвис и колегата на Фрум Бен Свифт на самата линија. Кастровјехо го одржал неговото водство во генералниот пласман завршувајќи во главната група, иако не бил сигурен дека може да ја задржи, додека Чакон ја додал белата маичка за комбинираниот пласман на таа од планинскиот пласман, а Дегенколб повел во бодовниот пласман со неговата етапна победа.
Резултат од етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 0" 3 + 0" 4 + 0" 5 + 0" 6 + 4" 7 + 10" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 10"
Етапа 3
20 август 2012 — Ојон до Ејбар, 155,3 км
Иако имало четири категоризирани искачувања на патеката од 155,3 километри, последното искачување на денот - Алто де Арате од прва категорија - била клучната точка на патеката. Често возено на етапната трка Трка околу Баскија на пролет, искачувањето Алто де Арате со наклон на одредени места над 11%, завршувало на околу 2 километри до целта, пред да се заврши етапата на рамен терен. Бидејќи трикратниот победник на Арате Самуел Санчес не учествувал на Вуелта, Возачот на Хоаким Родригес – втор во Ејбар, во 2012 – бил сметан како еден од фаворитите на етапата заедно со возачот на Алехандро Валверде и Алберто Контадор од .
Бегството на денот било составено од осум возачи, кои се одвоиле од главната група во првите 10 километри на етапата. Октетот успеал да направи предност од скоро четири и пол минути, и покрај тоа што еден од членовите – возачот на Филип Жилбер, сè уште без победа во 2012 – бил само десет секунди зад предводникот во генералниот пласман, колегата на Валверде Џонатан Кастровјехо. На секое од трите категоризирани искачување пред последното искачување, Пим Лигтхарт од ги зел максималните бодови, поведувајќи пред Жилбер на два од нив, додека Нико Сејмен () поминал на третото искачување, Пуерто де Кампазар, зад Лигтхарт и пред Жилбер. Водечката група започнала да се дели на околу 20 километри пред целта, кога темпото на главната група била поставувано од екипите и , намалувајќи ја разликата на само една минута.
Ники Терпстра од бил првиот кој се одвоил на Алто де Арате, но брзо бил достигнат пред да може да направи некоја значајна разлика пред главната група. ја одржувал нивната позиција на чело на групата, поставувајќи темпо за Контадор, каде биле придружени од . Валверде бил првиот од фаворитите кој нападнал од главната група, но Контадор брзо стигнал до него, со Родригес и возачот на Крис Фрум на крајот да стигнат до нив. Потоа Контадор започнал неколку напади - вкупно седум – како водечкиот квартет се искачувал до врвот, но секојпат, останатите тројца возачи биле способни да го стигнат. Валверде и Родригес се натпреварувале во спринт на крајот на етапата до самата линија, кога Валверде ја освоил својата шеста етапна победа н Вуелта со фотофиниш, откако Родригес не ги свртел педалите во последните метри; потег кој многу го налутил по етапата. Валверде го презел водството во генералниот, бодовниот и комбинираниот пласман, додека Лигтхарт го презел водството во планинскиот пласман.
Резултат од етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 + 6" 6 + 6" 7 + 6" 8 + 6" 9 + 6" 10 + 6"Генерален пласман по етапа 3