Даниел Ѓурта (роден 4 мај 1989 во Будимпешта) е унгарски пливач кој се натпреварува во дисциплината 200 м градно. Познат како Дани, тој имал само 15 години кога освоил сребрен медал (со време од 2 октомври 80) на 200 м градно на Летните олимписки игри 2004.
Ѓурта, за разлика од неговите соперници Брендан Хансен и Косуке Китаџима на 200 м градно во Атина, пливал релаксирано и релативно споро првите 100 м забрзал на вторите 100 м. Хансен и Китаџима пливале брзо на стартот и се обиделе да издржат до крајот, но Ѓурта пливал комплетно различна трка. Најпрво пливал споро, а потоа последните 100 метра ги пливал како "воз".
На 12 август 2008 тој поставил Олимписки рекорд во преелиминациите на 200 м градно на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. Неговиот рекорд бил срушен следниот ден од Китаџима во полуфиналето. Ѓурта во финалето пристигнал петти на целта.
На Светското првенство во водени спортови 2009 тој освоил златен медал на 200 м градно, победувајќи го Ерик Шантеу во последните метри. Тој бил прогласен за Унгарски спортист на годината за ова постигнување.
Две години подоцна Ѓурта успешно го одбранил златниот медал на Светското првенство во водени спортови 2011, со што станал само вториот човек што ја одбранил светската титула на 200 м градно по Дејвид Вилки од Велика Британија, кој ги освоил првите две светски титули, во 1973 и 1975.
На Летните олимписки игри 2012 тој освоил златен медал и постигнал светски рекорд на 200 м градно По трката, тој понудил копија од својот олимписки златен медал на родителите на несреќно загинатиот светски шампион Александер Дале Оен во негова чест, гест многу ценет од страна на семјството на Оен. Дале Оен кој бил првак на 100 м градно починал само два месеци пред олимписките игри од срцев удар.
Лични рекорди Во 50 метарски базени најдобрите испливани времиња на Ѓурта се:
100 м градно: 59.53 (29 јули 2012, Лондон) 200 м градно: 2:07.28 (1 август 2012, Лонодн) Олимписки и Светски рекорд
Наводи
Надворешни врски Профил на swimrankings.ne Профил на sports-reference.com Статистика на omegatiming.com
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Будимпешта Категорија:Унгарски пливачи Категорија:Пливачи на Летните олимписки игри 2012