Горно Дивјаци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Крушево, на јужните огранки на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пласница. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Крушево е оддалечено 9 километри. До селото може да се стигне преку регионалниот пат 2337.

Соседни села се Пласница и Дреново од северната страна, Белушино од источната страна, Арилево и Долно Дивјаци од јужната страна и Пуста Река од западната страна.

Месностите во атарот на селото се следните: Младеноа Слива, Арилеска Река, Петков Гроб, Волчев Камен, Рамна Нива, Распаќе, Усејноа Ливада, Беглишта и други.

Историја

Селото е настанато од доселеници, порано се викало Бајлак Дивјаци. Селото го основале три рода, Куменџиовци, Бајдевци и Грујовци.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 819,5 хектари, на шумите отпаѓаат 252,5 хектари, а на обработливото земјиште 112,6 хектари.

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.

Мештани се занимаваат со огледување жито и тутун.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Дивјаци имало 285 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дивјаци имало 400 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 172-173.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Горно Дивјаци е мало село, коешто во 1961 година броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 61 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 46 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.

Родови

Горно Дивјаци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото: Доселеници: Куменџиовци (14 к.), доселени се од селото Косоврасти, Дебарско (денес Горно и Долно); Бајдевци или Јанкуловци (33 к.), доселени се од раселеното село Барбарос, Порече, се доселил предокот Бајдо, го знаат следното родословие: Соколе (жив на 59 г. во 1951 година) Никола-Сиљан-Ѓорги-Анѓеле-Бајдо, кој се доселил; Грујовци или Балабановци (2 к.), доселени се однекаде.

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Од Куменџиовци во: Романија (три семејства), Белград (едно семејство) и во Врбоец (едно семејство). Од Бајдевци или Јанкуловци во: Белград (едно семејство) и во САД (едно семејство). Од Грујовци или Балабановци во: Романија (едно семејство).

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Горно Дивјаци било христијанско село во рамките на Битолската Каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Горно Дивјаци, се наоѓале и селата Арилево, Долно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1205 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Кошари — средновековна црква со некропола; Лески — доцносредновековна населба; Петров Гроб — доцноантички рудник; Стајколас — средновековна некропола; и Црквен Даб — средновековна населба.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква; и Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква.

Манастири Дивјачки манастир — понов манастир надвор од селото

Потоци Горнодивјачки Поток — мал поток низ селото

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Крушевски села Категорија:Села во Општина Крушево