Карабичане — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карабичане живееле 154 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 217. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карабичане имало 144 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 43 жители, од кои 37 Срби, 5 Македонци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 13 Срби и 7 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно1948—————————2181953———8—245...1—25419618——......309...7—32419712———...224...5—226198113————123...2—13819911————54...——5519942————51...——5320025————37—1—432021—————13——720

Родови Карабичане е православно мешано село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

Доселеници: Бојини (4 к.) доселени се од селото Никуљане. Го знаат следното родословие: Станко (жив на 72 г. во 1972 година) Димко-Јован, предокот кој се доселил; Црвенковци (7 к.) и Басмарци (5 к.) доселени се од селото Табановце. Во родот Црвенковци се знае следното родословие: Петар (Жив на 62 г. во 1972 година) Алексо-Стојко, основачот на родот. Родот Басмарци во Табановце припаѓал на родот Мушкини; Врањанци (6 к.) доселени се од селото Себрат кај Врање; Бубини (6 к.) доселени се од селото Проевце; Марушинци (5 к.) доселени се од селото Алгуња; Кечини (3 к.) доселени се од селото Думановце; Подкулајци (5 к.) и Дубоваци (2 к.) доселени се од селото Рамно; Милан (1 к.) доселен од селото Црна Река во Горна Пчиња.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Постари иселеници има во Четирце (Делинци), Горно Коњаре (Миланови или Црвенкови), Проевце (Наскови), Младо Нагоричане (Карабичинци).

После Втората светска војна стапил посилен бран на иселување од селото.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово