Љубодраг — село во Општина Куманово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, на околу 4 км југозападно од Куманово. Крај него минува регионалниот пат Р104 кој е второстепен правец од Куманово за Скопје. По овој пат селото е поврзано со Черкези на 1 км на североисток и Ново Село на 2 км на југозапад. Лежи на надморска височина од 450 м, а атарот зафаќа површина од .

Историја

Стопанство Љубодраг е рамничарско село, со исклучиво полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. располага со 487 ха обработливо земјиште.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Низ сите пописни години, селото е во речиси постојан раст, што веројатно се должи на неговата близина до Куманово. Во 2002 година во селото живееле 686 жители, од кои 440 Македонци, 243 Срби и 3 останати.Љубодраг — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 718 жители, од кои 452 Македонци, 86 Албанци, 1 Влав, 147 Срби, 12 останати и 20 лица без податоци.

Родови Љубодраг е мешано село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Српски

Михајловиќи (5 к.), Гроздановиќи (4 к.) и Грујиќи (1 к.) доселени се од селото Радовница во Горна Пчиња; Анѓелковиќи (2 к.) доселени се од Бела Паланка; Маниќи (3 к.) доселени се од околината на Пирот. До овде родовите се доселени помеѓу 1921 и 1923 година. Радовничани (20 к.) и Лесничани (11 к.) доселени се од селата Радовница и Лесница во Горна Пчиња после Втората светска војна.

Македонски

Козјачани (30 к.) доселени се од селата Пелинце, Жегљане, Рамно, Малотино и Враготурце; Паланчани (11 к.) доселени се од Кривопаланечко; Кратовчани (8 к.) доселени се од Кратовско.

Општествени установи Црква „Св. Троица“ ОУ „Карпош“

Иселеништво Во периодот од 1946 до 1956 г. во германското село Глогоњ кај Панчево во Војводина се имаат преселено родовите Брекиќи (1 куќа), Јовиќи (2 куќа) и Величковиќи (2 куќи), на местото на протераното население.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово