Табановце или Табановци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба Табановце се наоѓа во областа Жеглигово, на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово.

Историја Подрачјето на Табановце е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Бежине и Падалиште во неговиот атар.

Стопанство мини|десно|Железничката станица „Табановце“. Селото има развиено стопанство. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Табановце живееле 500 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Табановце имало 480 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 910 жители, од кои: 205 Македонци, 177 Албанци, 516 Срби и 12 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 817 жители, од кои 241 Македонец, 211 Албанци, 294 Срби, 4 останати и 67 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.109195390—153—1.110...11—1.265196178—1......1.159...21—1.259197111812611...935...13—1.1941981148250———736...30—1.1641991153————610...9—7721994148174———533—10—8852002205177———516—12—9102021241211———294—467817

Родови Православни родови во селото Табановце се: Бузинци (23 к.) они се најстар табановачки род; Заќевци (20 к.) доселени се од денес албанското село Зајас, Кичевско, доселени се околу 1800 година; Мицини (20 к.) доселени се од некое село во Битолско; во маалата Чифлак (36 к.) и Сланиште (35 к.) живеат доселеници од Горна Пчиња и Кривопаланечко; Киселчани (9 к.); Старчани (9 к.) доселени се околу 1920 година од селото Старац кај Врање; Колонисти (10 к.) доселени се како колонисти од Србија и Лика; Пироќанци (15 к.) доселени се од околината на Пирот.

Муслимански родови: муслиманските Албанци во селото се населени од околу 1962 година, кога српските колонисти почнале да се иселуваат во Смедерево, муслиманското население е доселено од околината на Гнилане (13 к.).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Верски објекти Коџа Мехмед бег џамија — руинирана џамија од крајот на XVI и почетокот на XVII век, прогласена за значајно културно наследство на Македонија

Археолошки наоѓалишта Бежине — населба од римско време Падалиште — населба од римско време Црквиште - Костурац — населба од средниот век Џабинка - Аништа — објект од средниот век

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Родови иселени од Табановце има во Карабичане (Црвенковци и Басмарци), Режановце (Кокошињаци), Опае (Армутовци), Долно Коњаре (Петруш), Горно Коњари (Пешеви). Од 1945 година, па натака населението почнало помасовно да се иселува низ градовите.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово Категорија:Македонско-српски гранични премини