Ласло Гараци (унгарски: Garaczi László), (1956, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател (поет, драматург, прозаист), есеист, сценарист и преведувач.
Животопис Ласло Гараци е роден во 1956 година во Будимпешта. Дипломирал филозофија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, како и на Педагошката академија во Егер. Од 1982 година е професионален писател.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227.
Творештво Ласло Гараци е автор на поголем број поетски и прозни дела, а некои од нив се преведени на германски јазик. Исто така, три негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум". Покрај пишувањето, тој се занимава и со преведување од германски јазик.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 228. Пластикa (раскази), 1985 година Повторно одземање на теренот на птиците (песни), 1986 година Внимавај на змијата (поеми), 1989 година Нема спиење! (раскази), 1992 година Танцот на китовите (драми), 1994 година Како да си жив: Исповедите на еден лемур I (роман), 1995 година Убаво се возиме со автобус: Исповедите на еден лемур II (роман), 1998 година Такви се како ти (драми), 2000 година Се смеат ангелите (различни жанрови), 2002 година Амбарадан (различни жанрови), 2003 година Колонијална жена, (новели), 2005 година Метакса (роман), 2006 година
Признанија Гараци е добитник на повеќе награди, како што се: Наградата "Х. Ц. Касер" (Италија), 1990 година Наградата "Тибор Дери", 1994 година Наградата "Атила Јожеф", 2001 година Наградата "Шандор Мараи", 2002 година Наградата "Паладиум", 2007 година
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Унгарски писатели Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Луѓе од Будимпешта