мини|234x234пкс|Нандор Гион Нандор Гион (унгарски: Nándor Gion), (1941, Сентамаш, - 2002, Будимпешта) е современ југословенски и унгарски писател.
Животопис Нандор Гион е роден во 1941 година во Сентамаш (денешен Србобран) во српската покраина Војводина која тогаш била окупирана од Унгарија. Дипломирал унгарски јазик на универзитетот во Нови Сад. Работел како уредник во новосадското радио, бил директор на театарот во Нови Сад, како и претседател на Друштвото на писателите на Војводина. Во 1993 година се преселил во Унгарија. Умрел во 2002 година во Будимпешта.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 231.
Творештво Делата на Гион се преведени на повеќе европски јазици. Исто така, неговиот расказ "Ниско да се лета" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се: Водоземци во јама (роман), 1968 година Мојот брат Јоаб (роман), 1969 година На оваа страна (новели), 1971 година Цветен војник (роман), 1973 година Исто како да е лето (раскази), 1974 година Им свиреше и на разбојниците, Цветен војник, Мед од роза (романи), 1976 година Кормораните сè уште не се вратија (роман за деца), 1977 година Рафал за еден црн бивол (роман), 1982 година Ангелска веселба (раскази), 1985 година Последно време во затворот сонувам (роман), 1990 година Како ослободители (раскази), 1996 година Овој ден е наш (роман), 1997 година Да се најде злато (роман), 2000 година
Признанија Гион е добитник на повеќе награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 231-232. Наградата "Невен", 1980 година Наградата "Тибор Дери", 1987 година Наградата "Атила Јожеф", 1988 година Книга на годината во Унгарија, 1991 и 1994 година Наградата за живото дело на Фондацијата Сорос, 1994 година Наградата "Шандор Мараи", 1997 година Ловоров венец на Република Унгарија, 2000 година
Наводи
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Српски писатели Категорија:Југословенски Унгарци Категорија:Српски Унгарци Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Починати во 2002 година