thumb|mini|right|Вир под водопадот Капејнци на реката Драгор кај Дихово Вир — хидролошки поим, хидроним кој означува длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли. Исто така може да означува и вдлабнатина, корито каде што се собира вода, со речиси слично значење како и бара или локва.

Доста е раширен во топонимијата во Македонија и словенските земји, па така Вир може да се однесува и на:

Вир — село во областа Порече, Општина Македонски Брод Вирче — село во областа Пијанец, Општина Делчево Вирово — село во областа Железник, Општина Демир Хисар Вировитица — град во Хрватска

Поврзано Бара Локва

Наводи

Категорија:Водни површини Категорија:Природни непогоди