Алесандро Барико (италијански: Alessandro Baricco), (1958, Торино - ) е современ италијански писател (прозаист и драматург) и есеист. мини|А. Барико (2010)

Животопис Алесандро Барико е роден во Торино во 1958 година. Заедно со неколку пријатели, во Торино ја основал „Школата Холден“ во која се изучуваат различни видови раскажување во повеќе жанрови - книжевност, филм, новинарство, сликарство.

Творештво Барико се стекнал со меѓународна слава со својата повест „Свила“ (Seta), која во 2000 година е издадена на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Еуроклиент“, а во превод на Лилјана Узуновиќ.

Поважни дела на Барико се следниве:Алесандро Барико, Свила. Скопје, Еуроклиент, 2000. Замоци на гневот (роман), 1991 Генијот во фуга (есеи), 1992 Душата на Хегел и кравите од Висконсин (есеи), 1992 Океан море (роман), 1993 Дваесеттиот век (драма), 1994 Барнум - Хроники од Големото шоу (статии), 1995 Свила (краток роман), 1999

За своето творештво, Барико добил неколку меѓународни книжевни награди, како што се: Наградата "Кампиело" Наградата "Медичис" Наградата "Виjареџо" Наградата "Палацо дел Боско"

Наводи

Категорија:Италијански писатели Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Живи луѓе