thumb|333px|Слобода на печатот во 2009 според Репортери без граници. Слобода на печатот или слобода на медиумите е слободата на комуникација и изразување преку разни електронски медиуми и печатени материјали. Додека таквата слобода во голем дел налага отсуство на вмешување на други лица, неговото зачувување може да се бара преку уставна или легална заштита.Thierer, Adam & Brian Anderson (2008). A Manifesto for Media Freedom. New York: Encounter Books. ISBN 1-59403-228-9.

Со почитување на владините информации, секоја влада може да разликува кои материјали се јавни, а кои се заштитени од објавување во јавност преку класификација на информациите како чувствителни, класифицирани или тајни, или пак на друг начин се заштитени од објавување, поради релевантноста на информациите за заштита на национаните интереси. Многу влади пак исто така изнесуваат на виделина закони или информации за законодавството, кои се користат за да се дефинира опфатот на националните интереси.

Универзалната декларација за човекови права гласи: „Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право вклучува слобода да се задржи мислењето без некој да се вмеша и да се даваат информации и идеи преку кој било медиум без оглед на тоа каде се наоѓа".

Оваа филозофија обично е придружена со закон кој обезбедува повеќе степени на слобода, слобода на научни истражувања (познато како научна слобода), на објавување, на печат, а статиите за тоа колку длабоко овие закони се вкоренети во правниот систем на државата може да одат до таму колку што дозволува нејзиниот устав. Концептот на слобода на говор и оној за слобода на печат, често е опфатен со истиот закон, давајќи му ист третман на усното и писменото изразување.

Статусот на слободата на печат ширум светот

Покрај правните дефиниции, повеќе невладини организации користат други критериуми за да го проценат нивото на слобода на печатот ширум светот.

- ,,Репортери без граници" ги земаат предвид и бројот на новинари кои биле убиени,протерани или малтретирани ,постоењето на државни ТВ или радио монополи, како и постоењето на цензура и самоцензура во медиумите, севкупната независност на медиумите како и проблемите со кои може да се соочат странските репортери.

- Комитетот за заштита на новинари (КЗН) користи алатки од новинарството за да им помогне на новинарите преку следење на проблемите поврзани со слобода на печатот преку независни истражувања, мисии за пронаоѓање факти, контакти од прва рака со луѓе на терен, вклучувајќИ локални новинари од разни земји. КЗН за важни случаи, споделува информации со други организации за слобода на печатот низ цел свет преку глобалната мрежа за електронска пошта, Меѓународна размена за слободата на изразување. КЗН исто така ги следи и смртните случаи и апсењата на новинарите. Персоналот на КЗН за време на секој случај работи според строги критериуми. Истражувачите засебно истражуваат и ги проверуваат околностите во врска со секој смртен случај или апсење.

- ,,Фридом хаус" ,исто така, ги проучува поопштите политички и економски средини на секоја нација, со цел да утврди дали постојат односи на зависност кои во пракаса го ограничуваат нивото на слобода на печатот која теоретски постои. Значи концептот на независност на печатот е тесно поврзан со концептот на слобода на печатот.

Индекс на слобода на печатот во светски рамки

Секоја година, Репортери без граници (РБГ), прави рангирање на земјите во однос на слободата на печатот која ја има кај нив. Списокот на индекс на слобода на новинарите во светски рамки се заснова на одговори на анкети пратени на новинари кои се членови на партнерски организации на РБГ, како и специјалисти од поврзани области , правници и активисти за човекови права. Во анкетата се поставуваат прашања за дирекни напади на новинари и медиуми како и за други индиректни извори на притисок врз слободниот печат, како на пример невладини организации. РБГ е внимателен да напомене дека индексот се занимава само со слободата на печатот,а не го мери квалитетот на новинарите.

Во периодот од 2011-2012 земји со најголема слобода на печатот беа Финска и Норвешка, а по нив следеа Естонија, Холандија, Австрија, Исланд и Луксембург. Земја со најмала слобода на печатот беше Еритреја, а по неа следеа Северна Кореја, Туркменистан, Сирија, Иран и Кина.

Слобода на печатот

Слобода на печатот е годишен извештај на Фридом Хаус, невладина организација со седиште во САД, која го мери нивото на слобода и уредувачка независност која ја уживаат новинарите во сите држави и позначајни спорни територии ширум светот. Нивото на слобода се мери на скала од 1 (најслободна) до 100 (најмалку слободна). Во зависност од основата, државите се класифицираат како „слободни", „делумно слободни", „неслободни".

Во 2009, Исланд, Норвешка, Финска, Данска и Шведска се наоѓаа на врвот на листата, додека Северна Кореја, Туркменистан, Мјанмар (Бурма), Либија и Еритреја се наоѓаа на дното на листата.

Недемократски држави

Според Репортери без граници, повеќе од една третина од луѓето во светот живеат во земји во кои нема слобода на печатот. Овие луѓе претежно живеат во земји каде нема демократски систем или каде има сериозни недостатоци во демократскиот процес. Слободата на печатот е проблем за повеќето недемократски владини системи откако, во модерната ера, строгата контрола на пристапот до информации е од клучно значење за постоењето на повеќето недемократски влади и нивните системи за контрола и безбедносен апарат. За таа цел, повеќето недемократски општества вработуваат организации за водење на државните вести, кои ќе промовираат пропаганда која е од клучно значење за одржување на постоечката политичка моќ и потиснување (најчесто многу брутално, со помош на полиција, војска или разознавачки служби) на секој значаен обид од страна на медиумите или некој самостоен новинар да ја преиспита одобрената „владина гарнитура“ за спорните прашања. Во ваквите земји, новинарите кои работат на работ на она што се смета за прифатливо многу често стануваат мета на значително заплашување од страна на државни агенти. Тоа може да бидат едноставни закани за нивните професионални кариери (заплашување, ставање на црна листа) па сè до смртни закани, киднапирање, тортура и убиство. Репортери без граници објави дека во 2003, 42 новинари ги загубија своите животи извршувајќи ја својата професија и дека во истата година, најмалку 130 новинари завршија во затвор, како резултат на нивните професионални активности. Во 2005 63 новинари и 5 медиумски помошници беа убиени ширум светот.

- Случајот Лира Бајсетова во Казахстан Во Неапол, Еритреја и Кина, новинарите може да завршат со години во затвор само ако употребат погрешен збор или фотографија.- Случајот Георги Р. Гонгаже во Украина Според Индексот на слободен печат, во 2007год. од 169 земји Иран беше рангиран на 166 место. Само три други земји, Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан, имаа повеќе рестрикции на слободата на медиумите отколку Иран. Владата на Али Каменеи и Врховниот совет за национална безбедност, во 2007год. ставија во затвор 50 новинари и речиси ја елиминираа слободата на печатот. Репортери без граници (РБГ), Иран го нарече ,,најголем затвор за новинари на Блискиот Исток".

Региони затворени за странски новинари

- Чеченија, Русија - Огаден, Етиопија - Јаму и Кашмир, Индија - Вазиристан, Пакистан - Агадез, Нигер - Северна Кореја - Сирија

Историја

Република Полска-Литванија

Законите за слобода на печатот најпрво беа усвоени во Полско-Литванската заедница во 1539.

Англија

Големата револуција која се случи во Англија во 1688 воспостави парламентарен суверенитет над круната, а над се револуцијата за права. Човекот кој најмногу придонесе за западната либерална теорија беше Џон Лок. Лок се расправаше дека во два владини договори индивидуалци поставиле некои од неговите права кои се присутни во природата, под старателство на суверенитетот (владата) во замена на заштита на одредени природни поединечни права. Општествениот договор е склучен од страна на луѓето.

До 1694год., Англија имаше сложен систем на лиценцирање. Ниедна публикација не беше дозволена ако не е придружена од лиценца доделена од владата. Педесет години претходно, за време на граѓанската војна, Џон Милтон го напиша неговиот памфлет ,,Ареофагитика". Во ова дело Милтон говореше силно против оваа форма на владина цензура И направи пародија од неа пишувајќи ,, должници и деликвенти можат да одат во странство без чувар, но ненавредливи книги не смеат да се мешаат без видлив затворски чувар во насловот". Иако во тоа време тоа направи многу малку против праксата на лиценцирање, подоцна тоа ќе се смета за значајна пресвртница, како една од најпознатите елоквентни одбрани на слободата на печатот. Централниот аргумент на Милтон беше дека индивидуалецот е способен да користи причина и да разликува исправно од погрешно, и добро од лошо. Со цел да биде во можност да го оствари ова рационално право, лицето мора да има неограничен пристап до идеите на своите блиски преку слободна и отворена средба. Од делата на Милтон се разви концептот за отворен пазар на идеи, идејата дека кога луѓето се расправаат едни со други добрите аргументи ќе надвладеат. Една форма на говор која во голема мера беше ограничена во Англија беше подмолната клевета, а законите беа така осмислени што критикувањето на владата се сметаше за криминал. Според Англискиот суд на Ѕвездената комора, Кралот беше над јавната критика и беа забранети изјави кои ја критикуваат владата. Вистината не е одбрана за подмолна клевета, бидејќи целта беше да се спречи и казни секаква осуда на власта. Џон Стјуард Мил му пријде на проблемот на власта наспроти проблемот на практичниот 19 век во врска со слободата на гледна точка: Секој поединец има право да го изрази своето мислење сè додека тоа не им штети на други поединци. Добро општество е она во кое најголем број на луѓе уживаат во најголемата количина на среќа која е возможна. Применувајќи ги овие генерални принципи на слобода на изразување, Мил тврди дека ако не го искажеме своето мислење можно е да ја премолчиме вистината. Поради тоа, поединечната слобода на изразување е од суштинско значење за благосостојбата на општеството.

Примената на генералните принципи на слобода на Мил се изразени во неговата книга ,,На слободата": ,, Ако целото човештво минус еден, го имаат истото мислење, а еден, само еден човек има спротивно мислење, човештвото нема да биде повеќе оправдано ако го замолчи тој еден човек, отколку што би бил оправдан тој ако има моќ да го замолчи општеството".

Индија

Во индискиот устав, сè додека не се спомне зборот печат, обезбедува ,, право на слобода на говор и изразување" (член 19(1)а). Сепак, ова право е предмет на ограничување во подклаузулата (2), при што оваа слобода може да биде ограничена заради ,, суверенитетот и интегритетот на Индија, безбедноста на државата, пријателски односи со странски држави, јавниот ред, зачувавање на пристојноста, зачувување на моралот, во случај на презир, судот, клевета или поттикнување на кривично дело". Закони како Официјалниот таен акт и Законот за спречување на терористички активности (Пота) , се користат за да се ограничи слободата на печатот. Под Пота некое лице може да биде притворено и до шест месеци затоа што било во контакт со терорист или терористичка група. Пота беше укинат во 2006год. но Официјалниот таен акт кој беше направен во 1923год. продолжува да постои. За време на првите 500години независност, контролата на медиумите од страна на државата беше најголема пречка за слободата на печатот. Индира Ганди во 1975год. ја кажа славната изјава дека,, сите радија во Индија се владин орган и ќе останат владин орган…". Со почетокот на либерализацијата во 1990-тите, започна и приватната контрола на медиумите, што доведе до зголемување на независноста и поголема контрола на власта.

Нацистичка Германија (1933-1945)