Букурешт () — културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата, на 44°25’57’’ северно и на 26°06’14’’ источно, и лежи на бреговите на реката Дунав. Првпат бил документиран во 1459 година. Од тогаш, тој поминал низ многу промени, и во 1862 година станал главниот град на Романија. Полека но сигурно, тој ја зацврстуваше својата позиција како романскиот центар на културата, уметностите и медиумите. Неговата еклектична архитектура е мешавина од неокласицизам, меѓувоена,комунистичка и модерна. Во периодот помеѓу двете Светски војни, елегантната архитектура на градот и софистицираноста на елитата му го донела прекарот ,,малиот Париз на Истокот” (Micul Paris). Иако многу зданија и региони во историскиот центар беа уништени во војната, заедно со бројните земјотреси и програмата на Николае Чаушеску за систематизација, многу од нив и преживеаа. Во последниве години градот доживува економски и културен бум. Според проценките од 1 јануари 2009, Букурешт има население од 1,944,367 жители. Населеното подрачје се протега и надвор од границите на Букурешт, и заедно имаат население од 2 милиони жители. Додавајќи ги и околните градови во близина на урбанизираната средина, целокупната градска популација изнесува 2.15 милиони луѓе. Спред неофицијални податоци, населението изнесува повеќе од 3 милиони жители. Букурешт е шестиот по ред најголем град во Европската Унија. Економски, Букурешт е најпросперитетниот град во Романија, и еден од главните индустриски и транспортни центри во Источна Европа. Градот поседува голем број на образовни,културни, шопинг и рекреационални установи. Вистинското административно име на градот е Општина Букурешт (Municipiul Bucureşti) и се наоѓа на исто административно ниво, како и покраина, која е поделена на шест сектори.
Етимилогија thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Букурешт сниман од сателит во 2005 година Името Букур има неодредено потекло, традицијата го поврзува основањето на Букурешт со името Букур, кој бил, според различни легенди, принц,одметник, рибар, овчар, или ловец. На Романски, коренот на зборот Букур, значи радост, милост.Rosetti, II. p.110 Официјалното име на градот во целина е Општина Букурешт (на Романски Municipiul București). Жителите на Букурешт се нарекуваат Букурештани (на романски bucureștean).
Историја Историјата на Букурешт поседува периоди на прогрес и регрес, од самите почетоци на Антиката па сè до неговото официјализирање како претстолнина на Романија во доцниот 19 век. Првпат е споменат во 1495година, како ,,Катедралата на Букурешт”, кога станува резиденција на Влашкиот принц Влад III Цепеш. Стариот Двор на принцот (Curtea Veche) беше изграден од Мирча Чобанул (Mircea Ciobanul), а во текот на подоцнежното негово владеење, Букурешт беше земен како летна резиденција,Giurescu, C.C., 1976, History of Bucharest, Bucharest: The Publishing House for Sports and Tourism натпреварувајќи се со Трговиште(Târgoviște), за статусот на престолнина, после зголемувањето на важноста на Јужна Мунтениа, проследено со зголемувањето на моќта на Отоманското Царство.
Во почетокот на 17 век, бил запален од Отоманците и на кратко бил запоставен од принцовите. Букурешт бил подоцна обновен, и продолжил да расте, како во големина, така и во просперитет. Центарот се наоѓал во околината на улицата ,,Uliţa Маre”, која од 1579 година е позната како Липсцан(Lipscani). Пред 18 век, Букурешт станал најважниот трговски центар на Влашка и станува постојана локација на Влашкиот двор, по 1698 година ( со започнувањето на владеењето на Константин Бранковеану). thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Букурешт во 1837 година
Градот бил делумно уништуван од природни катастрофи, и реновиран неколкупати во текот на наредните 200години, бил погоден од чума во 1813-1814 година, бил отргнуван од Отоманското Царство од страна на Хабсбургшката монархија на неколку наврати (1716,1737,1789година) и од страна на Царска Русија (трипати помеѓу 1768 и 1806 година). Бил под Руска администрациона контрола, помеѓу 1828 и Кримската војна, со пауза помеѓу Влашката револуција од 1848год, која била со центар во Букурешт, и со заземањето на Букурешт од страна на Австриските гарнизони, по повлекувањето на Русите (останале во градот до март 1857). Исто така на 23 март 1847 година избувнал пожар кој уништил третина од градот, опожарувајќи околу 2.000 зданија. Социјалната разлика помеѓу сиромашните и богатите во тоа време, е опишана од страна на Фердинанд Ласал(Ferdinand Lassalle) како неред. Во 1861 година, кога Влашка и Молдавија се соединија за да се формира Кнежевството Романија. Букурешт стана новата престолнина на градот, а во 1881година, стана политички центар на новосоздаденото Романско Кралство. Во втората половина на 19 век, поради неговиот нов статус, населението драматично порасна, и нов период на урбанизација започна. Екстравагантната архитектура и космополитанската култура му го донесоа на Букурешт прекарот ,,Париз на Истокот” или ,, Мал Париз”, со Калеа Викторијеј (Calea Victoriei) како Шампс Елизе или Петтата Авенија. Помеѓу 6 декември 1916 и ноември 1918 година, беше окупиран од Германските сили, а престолнината беше преместена во Јаш (Iași). После Првата светска војна, Букурешт стана престолнина на Голема Романија. Во јануари 1941година, беше центарот на Бунтот на легионерите и Букурешкиот погром. Како романска престолнина на Силите на Оската, Букурешт претрпе големи загуби во периодот на Втората светска војна, поради бомбардирањата од страна на Сојузниците, и на 23 август 1944 година, доживеа државен удар, кој ја приближи Романија до Сојузниците, преживувајќи краток но деструктивен период на бомбардирања од страна на Луфтвафе(Luftwaffe). thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Букурешт во 1827 година За време на вледеењето на Николае Чаушеску(1965-1989), најголемиот дел од градот беше уништен и заменет со комунистичка архитектура, особено со апартмаснки блокови. Најдобар пример за овој вид на архитектура е Цивилниот Центар(Centrul Civic), вклучувајќи ја и Палатата на Парламентот каде што цело едно историско подрачје беше срамнето со земја, за да се направи пат за мегаломанските градења на Чаушеску. На 4 март 1977година, земјотрес со центар во Вранча, околу 135 километри надвор од Букурешт, резултираше со загубата од 1500 животи и уништи многу стари градби. Без оглед на сè, некои историски региони преживеаа и до денес. Романската револуција од 1989 година, започна со масовни анти-Чаушеску протести во Темишвар(Timișoara), во декември 1989година, и продолжија во Букурешт, резултирајќи со отфрлувањето на Комунистичкиот режим. Незадоволни со пост-револуционерното владеење на Националниот Фронт за Спас, студентските групи и опозицијата организираа масовни протести кои продолжија во 1990година и беа насилно прекинати од страна на рударите од Vаlea Jiului. Други протести следеа, кои придонесоа кон промена на власта. По 2000година, поради економскот бум во Романија, градот беше модернизиран и сè до денешен ден поминува низ период на урбанизација. Претежно во северните делови се градат станбени и економски објекти, додека центарот е во фаза на реновирање. Повелби потпишани во Букурешт Повелбата од 28мај, 1812, на крајот од руско-турската војна Повелбата од 3март, 1886, на крајот од српско-бугарската војна Повелбата од 10август, 1913, на крајот од Втората балканска војна Повелбата од 4август, 1916, повелбата за алијанса помеѓу Романија и Антантата Повелбата од 6мај, 1918, повелбата меѓу Романија и Централните Сили
Географија Општи информации thumb|left|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Паркот Херастрау thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Зградата на Банката Букурешт е позициониран помеѓу бреговите на Дамбовица (Dâmbovița), која се влева во Арџеш (Argeș), и е притока на Дунав. Неколку езера,од коишто најважните се: Херастрау (Herăstrău), Флореаска(Floreasca), Теи (Tei) и Колентина (Colentina), се простираат во градот заедно со реката Колентина, притока на Дамбовица. Во средина на престолнината, дополнително има и мало вештачко езеро – Чижмиџиу(Cișmigiu)- кое е опколено со истоимените градини. Овие градини имаат долга историја и биле посетувани од познати поети и писатели. Отворени во 1847година, градините се темелат на плановите на германскиот архитект Карл Ф.В. Мејер, и во денешно време се главниот рекреативен објект во градскиот центар. Покрај Чижмиџиу, Букурешт има повеќе големи паркови и градини, вклучувајќи го паркот Херастрау и Ботаничката Градина. Херастрау е голем јавен парк, сместен во северниот дел од градот, во близина на езерото Херестрау, и Селскиот Музеј, додека пак Ботаничаката Градина во Букурешт, е најголемата во Романија и содржи преку 10.000 видови растенија, повеќето егзотични, а во текот на историјата претставуваше и рекреативен парк на кралската фамилија. thumb|left|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Езеро од паркот Титан thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Езеро Чижмиџиу Букурешт се наоѓа во јужно-источниот дел на Романската рамнина, во регионот кој порано бил покриен од шумата Влашиеи(Vlăsiei), која, откако била покосена, се создало место за обработлива почва. Како и многу други градови, Букурешт се смета дека е основан помеѓу седум рида, слично како седумте рида на Рим. Седумте рида на Букурешт се : Михаи Вода, Деалул Митрополијеј, Раду Вода, Котрочени, Спиреи, Вакарешт и Св. Џорџе Ноу. Градот зафаќа површина од 226 км2, висината варира од 55,8метри (кај мостот на Дамбовица во јужно-источен Букурешт) и 91,5 метри (кај црквата во Милитари). Градот има релативно кружен облик, каде што центарот е ситуиран проближно на раскрсницата помеѓу северно-јужната и источно-западната оска на Универзитетскиот Плоштад. Камен-темелникот е поставен јужно од Универзитетскиот Плоштад пред новата црква на Свети Ѓорѓија, која се наоѓа на истоимениот плоштад. Полупречникот на Букурешт од Универизтетскиот Плоштад до маргините на градот во сите насоки, варира од 10 до 12 километри. Сè до неодамна, регионите кои го опколуваат Букурешт беа претежно рурални, но по 1989 година, нови предградија започнаа да се градат околу Букурешт, во околната општината Илфов (Ilfov). Подоцнежна урбана консолидација, е планирана да се одржи во 2006година, кога ќе се формира централното букурешко подрачје кое ќе содржи повеќе општини како и градот Илфов. Клима Букурешт има влажна континентална клима, поради неговата позиција во однос на Романската рамнина, зимите се ветровити, иако некои од ветровите се задржани од страна на околните ридови. Зимските температури често паѓаат под 0 степени,а понекогаш стигнуваат и до -20степени. Во лето, просечната температура е 23 степени (средната вредност на температурите за јули и август), без оглед на фактот дека температурите често достигаат и 35 до 40 степени во средината на летото, во градскиот центар. Иако средниот износ на врнежи и влажност за време на летото се ниски, има повремени бури. За време на пролетта и есента, просечните дневни температури варираат помеѓу 17 и 22 степени, а врнежливоста во овој период има тенденција да биде поголема од летниот, со почести но поблаги врнежливи периоди.
Закони и Влада Администрација
Букурешт има специфичен статус во Романската Администрација, бидејќи тоа е едиствената општина која не е дел од покраина. Населението е поголемо од било која друга романска покраина и од таму доаѓа моќта на Букурешкото Градско Собрание(Primăria Generală), кое ја претставува локалната власт, и има иста дури и поголема моќ од таа на романските покраински собранија. Градот го води градоначалник(Primar General), од 2010година тоа е Сорин Опреску(Sorin Oprescu). Одлуките се одобруваат и дискутираат во Генералниот Совет(Consiliu General) кој е составен од 55 избрани советници.