Те посакувам (шпански: Tengo ganas de ti) е второто продолжение на филмот Три метри над небото кој достигна огромна популарност во светски рамки, а посебно од страна на тинејџерите.
Снимањето на филмот започнува на 28 октомври 2011, а својата премиера ја доживаува во Мадрид на 22 јуни 2012 година. Филмот е сниман на различни локации во Барселона и Герона, под режисерска палка на Фернандо Гонсалес Молина. Филмот е од продукцијата „Zeta Cinema“, „Antena 3 Films“, „Cangrejo Films y Globomedia Cine“ во соработка со „Antena 3“, „La Sexta y Canal Plus“.
Кратка содржина
Аче, се враќа во Барселона, откако помина 2 години во Лондон, обидувајќи се да го заборави раскидот со Баби. Во неговиот живот се вплеткува авантурата со Гин, но подоцна ќе се најде во безизлезна ситуација, бидејќи ќе разбере дека неговата љубов со Баби сè уште не е заборавена.
Улоги
Марио Касас: Уго, Аче Марија Валверде: Баби Клара Лаго: Гинбера, Гин Марина Салас: Катина Алваро Сервантес: Поло Диего Мартин: Алехандро Антонио Велазгуез: Серпјенте Нереа Камачо: Даниела Карме Елиас: Мајка на Аче Кристина Плазас: Мајката на Баби Џорди Бош: Таткото на Баби Луси Фернандес: Чино Џоан Кросас: Таткото на Аче
Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови 2012 Категорија:Филмови од 2012 година