Мементо ― македонски игран филм од 1967 година, режија на Димитрие Османли, кој е и еден од авторите на сценариото, заедно со Јован Бошковски и Ташко Георгиевски. Главните улоги ги играле: Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Предраг Ќерамилац, Рената Фреинскорн, Стево Жигон и Тодор Николовски. Монтажер е Маја Лазаров, а музиката ја компонирал Бојан Адамич. Фимот трае 97 минути, а снимен е во црно-бела техника, со 35 милиметарска камера.
Кратка содржина Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер (Стево Жигон), германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана (Рената Фреискорн), млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да биде започнат животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето Гого (Предраг Ќерамилац) за кое ја врзува вистинска љубов.
Наводи
Надворешни врски Мементо на IMDb Кинотека на Македонија
Категорија:Филмови на Димитрие Османли Категорија:Македонски филмови од 1960-тите Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Скопје Категорија:Филмови со Драги Костовски Категорија:Филмови со Нада Гешовска Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Стево Жигон Категорија:Филмови со Тодор Николовски Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Појавено во 1967 година во Македонија Категорија:Појавено во 1967 година во Југославија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во 1963 година