Ана Липша-Тофовиќ (хрватски: Ana Lipša - Tofović; Сисак, Хрватска, – Скопје, ) била видна хрватска и македонска оперска певица. Животопис

Липша-Тофовиќ е родена во хрватскиот град Сисак на 23 август 1926 година. Таа на 4 август 1961 година влегла во историјата на македонската култура со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што било означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“. Починала на 3 септември 2012 година на 86 години во Скопје. Нејзин сопруг бил професор Петар - Пјер Тофовиќ виден македонски неврохирург и маркантна личност во по­во­е­на­та македонска култура. Од многуте награди што ги има добиено, таа е двапати добитник на наградата „11 октомври“ за улогата на Орфеј во операта на Глук и за животно дело.

Наводи

Категорија:Македонски Хрвати Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Починати во Скопје