Слатина — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Влезот на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, сместено од левата страна на реката Треска. Селото е рамнинско, на надморска височина од 580 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.

Атарот зафаќа површина од 19,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.649 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 100 хектари.

Селото е поврзано со асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат Македонски Брод-Самоков.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 55 семејства и 3 неженети, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.242

Во век, Слатина било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото нема точна стопанска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатина имало 400 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатина имало 520 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 265 жители, а во 1994 година 51 жител.

Според пописот од 2002 година, во селото Слатина имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.

Родови

Слатина е чисто македонско православно село. Во селото има има 7 родови, сите доселенички, кои се делат на родови со познато место на старина и родови со непознато место на старина.

Родови во Слатина се:

Доселеници: Богевци (13 к.), Марковци (24 к.), Филиповци (12 к.) и Вељановци (16 к.), по преданието предците на овие родови биле браќа, но не се знае од каде се доселени; Мојсовци (8 к.), доселени се од Закамен во Охридско (така жителите на овој род велат); Драгодоловци (3 к.), доселени се од селото Драгов Дол; Аранѓеловци (1 к.), потекнуваат од селото Арангел во Кичевско, од таму се иселиле поради албански зулуми, најпрво во селото Горно Крушје, а од таму во Слатина.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Слатинска Река мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Слатина се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0236 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Кале — градиште од доцната антика; и Под Градиште — некропола од доцната антика.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1867 година; и Црква „Св. Талалеј“ — помала црква во селото.

ПештериJovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46 Слатински Извор — се наоѓа во близина на селото и е најголема пештера во Македонија; Горна Слатинска Пештера — во близина на селото; Пурало — се наоѓа во близина на составот на Марковска Река и Крушеска Река на н.в. од 580 метри; Овчарска Пештера — се наоѓа во непосредна близина на пештерите Горна Слатинска и Слатинска II; и Слатинска II — во близина на селото.

Реки Слатинска Река — лева притока на Треска.

Личности

Родени во Слатина

Александар Лазески (1922 - 1944) — загинат во НОБ. Благоја Кузманоски (1923 - 1944) — загинат во НОБ. Стеван Максимоски (1924 - 1944) — загинат во НОБ. Цветко Лазески (1910 - 1944) — загинат во НОБ. Кала Колоска (1905-1960) — учесник во НОВ на Македонија.

Починати во Слатина Ѓурчин Наумов (1851-1904) — еден од најголемите револуционери и организатори на МРО во Порече, соработувал со Даме Груев.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод