Будаково — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Будаклар се сретнува во турски документи од 1568-69 година. Се верува дека името потекнува од личното име Будак (Будислав, Будимир) или од турскиот збор „будак“ што означува трнокоп, гранка, глужд на стебло или со метафоричко значење „тап човек“.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Селската чешма во Будаково

Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 525 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 23 километри.

Будаково претставува претежно турско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Добрушево, Путурус, Алинци и Трап.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Серталар (Брегови), Кара-Асаница, Бурница, Тепеџик, Арап-Мезарлак или Арапски Гробишта, Алексоица, Јокари Маале, Аша Чаирлар (Долни Ливади) и Дулеица.

Селото има изразено збиен тип и е поделено на два дела, турски и македонски. Турскиот крај е поголем и во него одредени делови добиле имиња по родовите.

Историја

Еден километар југозападно од селото се наоѓаат ливади („чаир“) на кои се наоѓаат бели надгробни камења. Многу од нив биле употребени во Првата светска војна.

Будаково е многу старо село. Во него најпрвин живеело македонско население. Подоцна се доселиле три турски семејства, чии членови се намножиле. Околу 1890 година, селото имало 25 турски и 5 македонски куќи.

Во век, Будаково било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 5,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 476,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14,7 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Будаково е село со 37 домаќинства и 160 жители, од кои 97 муслимани и 63 христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Будаково живееле 312 жители, од кои 52 Македонци и 260 Турци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Будаково имало 32 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Во 1961 година селото броело 502 жители, од кои 269 биле Турци, 210 Македонци и 21 жител Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 245 жители, од кои 200 Турци и 45 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Будаково живееле 248 жители, од кои 200 Турци, 44 Македонци, 3 Албанци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 25 Македонци, 3 Албанци, 204 Турци и 3 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Будаково:

Година Македонци Албанци Турци Срби Вкупно 1948 — — — — — — 570 1953 72 0 582 0 1 — 655 1961 210 0 269 21 2 — 502 1971 138 0 139 1 1 — 279 1981 112 0 195 0 2 — 309 1991 76 2 208 0 3 — 289 1994 45 0 200 0 0 — 245 2002 44 3 200 0 1 — 248 2021 25 3 204 0 0 3 235

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Будаково е македонско-турско село. Турското население во селото има потекло од првите доселени семејства, како и од потурчените Торбеши.

Македонски родови се: Велковци (7 к.), староседелци, за време на Турците имале нешто своја земја; Миленковци (1 к.), доселени се од кичевското село Белица во 1935 година; Јабланичани (3 к.), Јудовци (1 к.) и Олшанци (9 к.), доселени се во 1955/56 година, првите од селото Јабланица, Струшко, вторите од селото Јудово, Кичевско, а третите од селото Елшани, Охридско. Турски родови се: Шарколар (8 к.), Јакуплар (2 к.), Алимлар (5 к.), Тељалар (7 к.), Јускалар (7 к.), Ќеримлер (3 к.), Селимлер (3 к.), Рамолар (7 к.), Мучелер (3 к.), Алиџадилер (4 к.) и Карадемолар (2 к.), наведените родови се намножиле од три турски домаќинства доселени од некое место во Мала Азија. Во родот Јускалар се знае следното родословие: Селман (жив на 76 г. во 1950-тите) Ајредин-Јусуф-Мемиш, еден од првите доселеници. Потурчени Торбеши: Алимовци (2 к.) и Велиовци (1 к.), доселени се од селото Преглово, Кичевско, првите во 1919 година, а вторите во 1931 година. Порано зборувале македонски, но сега мешајќи се со Турците зборуваат турски.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото

Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“, кое е поделено со соседното село Трап и во него се изведува настава до петто одделение на македонски и турски јазик Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Будаково, во која селото Будаково, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, , Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Алинци, Будаково, Путурус, Радобор и Трап.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0217 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Селската џамија

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Слатин Вир — викус од римско време; Горно Маало — населба од римско време и среден век; Арапски Гробишта — некропола од римско време и среден век; и Бурнуица — населба од римско време.

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Редовни настани

Слави Велигден — селска слава Бајрам — селска слава

Иселеништво

Кон крајот на век од селото се иселиле околу 30 македонски семејства. Исто така, во 1934 година од селото се иселиле 25 турски семејства во Турција, . Во периодот 1955/56 година, од селото се иселиле уште 12 турски семејства. Иселувањето продолжило и во наредниот период кога се иселиле уште 30 турски семејства. Турските иселеници и нивните потомци живеат во Одрин и Истанбул, Како и во одринските села Османли-ќој и Чене-ќој.

Се знае за следниве иселеници: Будаковчани (3 к.) и Багошовци (11 к.), кои живеат во Дедебалци; Белковци (6 к.), живеат во Дупјачани.

Во поново време, иселувањето се кон градот Битола, потоа во Турција и Германија, но и во прекуокеанските земји.

Галерија

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Могила Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Могила