Свето Тодори — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, Битолско.

Потекло на името

Името на селото потекнува од светецот на селската црква, Теодор Стратилат.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.

Селото е потпланинско, сместено во подножјето на планината Древеник на запад и висорамнината на исток. Околни села се: Подино на север и Трновци на југ.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Крс, Богдан Манастир, Липа, Папрадиште, Дебела Леска, Гнојиште, Мрцкоа Падина, Мечкина Дупка, Свињи, Локви, Широка Бука, Тумбиња, Широки Дол, Страна, Јазбина, Петрегла, Лезоица, Лозишта, Чешмиња, Кутлина, Татарица, Пашиница, Чоролица, Црна Река, Чаирица, Ќосовица, Гладно Поле, Крге, Стеваница и Ќерамидница.

Селото има збиен тип и е поделено на маала, кои се именувани по родовите во нив.

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, југозападно од Прилеп и североисточно од Битола.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот вилает под името Исвети Тодор кога имало 25 семејства, 1 неженет и 4 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.68

Околу илјада метри југозападно од селото се наоѓал манастир, кој подоцна запустел. Мештаните во 1954 година почнале да копаат на таа месност и наишле на ѕидови високи еден метар. На нив се познавале одредени траги од живописот. Подоцна биле ископани и 10 стари гробови.

Во првата половина на век тука се населиле Арбанаси, кои имале околу 20-30 домаќинства. Нивните гробишта биле сместени на патот за соседното село Подино, а во селото постоела и џамија. Сепак, сите овие се иселиле од селото и главно се преселиле во градот Битола. На нивните места дошле предците на денешните македонски родови.

Во век, Свето Тодори било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

мини|300п|десно|Поглед на селото од полето

Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 510 хектари, на шумите отпаѓаат 339 хектари, а на пасиштата 224 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Свето Тодори живееле 210 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свето Тодори имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свети Тодори се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 22 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Од селото, речиси, половина население се иселиле и тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 481 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 256 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Свето Тодори живееле 210 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 129 жители, од кои 124 Македонци и 5 лица без податоци.

Родови

Свето Тодори е македонско село. Сите родови во селото се доселени.

Родови во селото се: Мицевци (4 к.), најстар род во селото, доселени се од Охридско, го знаат следното родословие: Васил (жив на 80 г. во 1950-тите, роден 1870), Божин (роден 1840), Мице (роден 1810), основачот на родот кој се доселил; Димчевци (2 к.), деленици се од Мицевци; Нолевци (17 к.), доселени се од селото Трновци, имаат роднини во Ивањевци (Буџаковци), го знаат следното родословие: Спасе (жив на 30 г. во 1950-тите) Ристе-Димче-Ноле, основачот на родот кој се доселил; Анѓелковци (9 к.), Ѓурчиновци (6 к.), Чорбевци (5 к.) и Грашковци (3 к.), и тие се доселени од Трновци; Горјановци (2 к.), доселени се во турско време од Бела Црква, таму се доселени од Смилево; Костевци (1 к.), доселени се однекаде; Ќеменовци (5 к.), доселени се од Добрушево; Прдлевци (2 к.), доселени се во турско време од Обршани, и таму се доселени однекаде; Пановци (2 к.), доселени се во турско време од Подино, таму биле доселени од Старо Подино; Стојановци (3 к.), шетале по сите села, овде се доселени од Српци во турско време; Бакревци (2 к.), доселени се од селото Света, Железник, а некое време живееле и во Трновци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште во селото

Подрачно училиште „Кочо Рацин“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Свето Тодори, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0185 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 146 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Теодор Стратилат“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Црквиште — населба од римско време; Василичини Гробишта — некропола од средниот век; Кале — населба од хеленистичко време; Крчин — светилиште и некопола од доцноантичко време; Кутлина — осамен наод од римско време; Кучкина Леска — населба од средниот век; Чешмина — населба од доцноантичко време; Манастир — осамени наоди од римско време; и Над Чаир — населба од неолитско време.

Цркви Црква „Св. Теодор Стратилат“ — главната селска црква, потекнува од 1840 година; и Црква „Св. Теодор Стратилат“ — главната манастирска црква на Светотодорскиот манастир.

Манастири Светотодорски манастир — манастир над селото

Редовни настани

Свети Тодор (21 јуни) — селска и црковна слава

Личности

Родени во Свето Тодори Бранко Мицевски (р. 1958) — македонски зоолог, универзитетски професор на ПМФ, Скопје.

Иселеништво

Се знае за следните иселени македонски родови од селото: Рујановци (1 к.), живеат во Новоселани; Мориовчиња (4 к.), живеат во Граешница; Порталко (1 к.), живее во Кадино Село и Ночевци (2 к.), живеат во Долно Оризари.

Од селото се имаат иселено над 200 лица. Најмногу се имаат преселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.

Галерија

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Могила Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Могила